Чкрапава согласка
Начини на творба |
---|
Препречни |
Избувни |
Слеани |
Струјни |
Шушкави |
Гласници |
Носни |
Едноударни |
Приближни |
Течни |
Самогласка |
Полусамогласка |
Странични |
Трепетни |
Механизам |
Белодробни |
Исфрлени |
Уфрлени |
Чрапави |
Алитерација |
Асонанца |
Поврзано: Место на творба |
Оваа страница содржи фонетски информации изразени со МФА, кои може да не се прикажат исправно кај некои прелистувачи. [Помош] |
уреди |
Табела на небелодробни согласки по МФА | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Онаму кајшто симболите се спарени, лев—десен престравува звучна—безвучна согласка | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Помош за МФА • легенда • помош со снимки • табела • погл. |
Чкрапави согласки (чкрапки или кликови) — гласови што се среќаваат како согласки во многу јазици на југот на Африка и три јазици во источниот дел на континентот. Некои од нив се користат како извици во сите јазици: забното ц-ц-ц!) кога изразуваме несогласување, страничното ч’к! кога се тера влечно животно и венечното клип-клоп! што децата го прават со јазикот кога имитираат коњски од.
Од механички аспект, чкрапавите согласки се препреки кои се прават со ограничување на две места на контакт (прегради) во устата - еден напред и еден назад. Воздушната комора добива притисок со вшмукување од јазикот (технички, чкрапавите согласки имаат јазичен вдишен воздушен механизам). Потоа предната преграда се отвора и, ослободувајќи го воздухот, создава силен нагол звук.
Како звучат чкрапавите согласки
[уреди | уреди извор]Чрапавите согласки се јавуваат на пет места на творба. Во МФА, чкрапава согласка се означува со ставање на симболот за местото на чкрапава творба до симболот за нечкрапав глас на задното место на творба. Симболите на МФА се користат во пишувањето на највеќето којсански јазици, но банту-јазиците како зулу користат латинично c, x и q (забна, странична и венечна чкрапава согласка).
- Забните чкрапави согласки се најлесни чкрапави согласки за македонскиот говорник. Претставувени се со една исправена црта ǀ. Ова се остри високи звуци што се добиваат со шмукање на предните заби. Проста забна чкрапава согласка во македонскиот се користи кога сакаме да искажеме дека нешто е срамота или гревота, или пак како за викање на животно ц’к!.
- Страничните чкрапави согласки кои се претставуваат со двојна исправена црта ǁ. Овие звуци исто така се пискави, но помалку остри од ǀ што се добиваат со шмукање на катниците. Проста странична чкрапава согласка се користи за терање на влечни животни ч’к!
- Уснените чкрапави согласки се запишуваат со „окце“ ʘ и се добиваат со „цмокање“ со усните, но без напупување како за бакнеж.
Горенаведените чкрапавите согласки звучат како слеани согласки бидејќи подразбираат доста струење на воздухот. Другите два вида се понагли и не прават такво струење.
- Венечните чкрапави согласки, кои се претставуваат со извичник ǃ, врвот на јазикот е вогорниот дел на устата и силно нагло се повлекува надолу, создавајќи шупливо пук! како кога се вади тапа од празно шише. Ове може да биде мошне гласен звук.
- Преднонепчените чкрапави согласки (ǂ) се создаваат со рамен јазик, и оддаваат поостро „пукање“ од венечните (ǃ).
Јазици со чкрапави согласки
[уреди | уреди извор]Чкрапавите согласки постојат во сите три којански јазични семејства во јужна Африка, каде се и најзастапени меѓу согласките. Во помала мера се присутни и во соседните банту-јазици кои ги усвоиле (непосредно или посредно) од којсанските. Југоисточно, на истокот на ЈАР, Свазиленд, Лесото, Зимбабве и јужно Мозамбик, чкрапките се усвоени од јазикот туу или јазиците од групата нгуни (особено зулу, коса и пути, но во помала мера и во свази и ндебеле), а оттаму се прошириле во намален облик во зулуанскиот пиџин фангало, сото, цонга, ронга, дијалектот мзимба на тумбука, и во поново време, во ндау и градските наречја на северен сото (педи), каде распространувањето на чкрапавите согласки сè уште трае. Второ место на прошорување се појасот Каприви и реката Окаванго, каде јазикот јеји ги усвоил чкрапавите согласки од западнокалахарскиот јазик кое, кој пак им пренел намален инвентар на чкрапави согласки на соседните јазици мбукшу, квангалскиот, дирику, кухане и фуе во Ангола, Намибија, Боцвана и Замбија.[1]
Постојат и три малцински јазици во источна Африка што користат чкрапави согласки: сандаве и хаѕа во Танзанија и загрозениот јужнокушитски јазик дахало во Кенија кој има чкрапави согласки само во неколку десетици зборови. Се смета дека таму се остаток од јазично поместување.
Единствениот неафрикански јазик што користи чкрапави согласки во редовниот говор е дамин, кој е обреден таен јазик што го употребуваат говорниците на јазикот лардил во Австралија. Една од чкрапавите согласки во дамин е всушност издишна чкрапка, каде јазикот се користи за набивање на воздухот во устата за да се добие издишан (егресивен) „млаз“.
Којсанските јазици на југот на Африка користат само чкрапави согласки на почетокот на коренот на зборовите. Хаѕа, сандаве и неколку банту-јазици допуштаат и чкрапави согласки на почетокот на слогот во состав на корените, но не постои јазик каде чкрапката го затвора слогот или стои на крајот од зборот.
Чкрапките напати се среќаваат и како идеофони во други јазици како конго /ᵑǃ/, миџикенда /ᵑǀ/ и хаѕа /ʘ̃ʷ/ (хаѕа инаку нема усни чкрапави согласки). Идеофоните честопати користат фонемски разлики што не се среќаваат во нормалниот лексикон.
Предавање на чкрапавите гласови на македонски
[уреди | уреди извор]Чкрапавите согласки на македонски не се предаваат со посебните знаци, туку се транскрибираат со македонско писмо и апостроф, кој го означува наглиот прекин.[2]
МФА | мак. | Назив | Пример | Транскр. |
---|---|---|---|---|
ʘ | п’ | двоуснена | ʘoa | п’оа |
ǀ | ц’ | забна | ǀXam | ц’хам |
! | к’ | венечна | ǃXoon | к’хонг |
ǁ | л’ | странична | ǁAni | л’ани |
ǂ | ч’ | преднонепчена | ǂUngkue | ч’ункве |
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Derek Nurse & Gérard Philippson (2003) The Bantu languages, стр. 31–32
- ↑ Предавањето на чкрапавите гласови на македонски се заснова на рускиот систем
- Ladefoged, Peter. 1968. A phonetic study of West African languages: An auditory-instrumental survey. Cambridge University Press, 2nd edition. ISBN 0-521-06963-7
- Ladefoged, Peter; Maddieson, Ian (1996). The Sounds of the World's Languages. Oxford: Blackwell. ISBN 978-0-631-19815-4.
- Amanda Miller, Levi Namaseb, Khalil Iskarous. 2003. Tongue Body constriction differences in click types.
- Amanda Miller, 2011. "The Representation of Clicks". In Oostendorp et al. eds., The Blackwell Companion to Phonology.
- Traill, Anthony & Rainer Vossen. 1997. Sound change in the Khoisan languages: new data on click loss and click replacement. J African Languages and Linguistics 18:21-56.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Врски за јазици со чкрапави согласки со аудио (англиски)
- „Чкрапавите согласки и претставата за прајазикот на човештвото“ Архивирано на 22 јули 2012 г. - Хартмут Траунмилер (англиски)
- Класификација на чкрапавите согласки (англиски)
Табела на белодробни согласки по МФА аудио
| ||||||||||||||||||||||||
По место → | Уснени | Преднојазични | Среднојазични | Заднојазични | Гласилни | |||||||||||||||||||
↓ По начин | Двоуснени | Уснено-забни | Забни | Венечни | Задно-венеч. | Свиени | Предно-непчени | Заднонепчени | Ресични | Голтнички | Надгласилни | Гласилни | ||||||||||||
Носни | m̥ | m | ɱ | n̪ | n̥ | n | n̠ | ɳ | ɲ̥ | ɲ | ŋ̊ | ŋ | ɴ | |||||||||||
Избувни | p | b | p̪ | b̪ | t̪ | d̪ | t | d | ʈ | ɖ | c | ɟ | k | ɡ | q | ɢ | ʡ | ʔ | ||||||
Струјни | ɸ | β | f | v | θ | ð | s | z | ʃ | ʒ | ʂ | ʐ | ç | ʝ | x | ɣ | χ | ʁ | ħ | ʕ | ʜ | ʢ | h | ɦ |
Приближни | ʋ | ɹ | ɻ | j | ɰ | |||||||||||||||||||
Трепетни | ʙ | r | ɽ͡r | ʀ | я * | |||||||||||||||||||
Едноударни | ⱱ̟ | ⱱ | ɾ | ɽ | ɢ̆ | ʡ̯ | ||||||||||||||||||
Стран. струј. | ɬ | ɮ | ɭ˔̊ | ʎ̥˔ | ʎ˔ | ʟ̝̊ | ʟ̝ | |||||||||||||||||
Стран. прибл. | l | ɭ | ʎ | ʟ | ||||||||||||||||||||
Стран. едноуд. | ɺ | ɺ̠ | ʎ̯ |
Чкрапави | ʘ | ǀ | ǃ | ǂ | ǁ | ||
ʘ̃ | ʘ̃ˀ | ʘ͡q | ʘ͡qʼ | ||||
Уфрлени | ɓ | ɗ | ʄ | ᶑ | ɠ | ʛ | |
Исфрлени | pʼ | tʼ | cʼ | ʈʼ | kʼ | qʼ | |
fʼ | θʼ | sʼ | ɬʼ | xʼ | χʼ | ||
tsʼ | tɬʼ | cʎ̝̥ʼ | tʃʼ | ʈʂʼ | kxʼ | kʟ̝̊ʼ |
p̪f | b̪v | ts | dz | tʃ | dʒ | tɕ | dʑ | ʈʂ | ɖʐ |
tɬ | dɮ | cç | ɟʝ | cʎ̥˔ | ɟʎ˔ | kʟ̝̊ | ɡʟ̝ |
Незаградни | ʍ | w | ɥ | ɧ |
Заградни | k͡p | ɡ͡b | ŋ͡m |
Табелава содржи фонетски симболи што може да не се прикажат правилно кај некои прелистувачи. [Помош] |
Онаму кајшто симболите се дадени во парови, „лев—десен“ претставува „безвучна—звучна“ согласка. |
Исенчените полиња претставуваат неизводливи гласовни творби. |
* Симболот го нема во МФА. |