Цонга (јазик)
| Цонга | |
|---|---|
| Шангана Xitsonga | |
| Застапен во | Мозамбик, ЈАР, Свазиленд, Зимбабве |
| Подрачје | Лимпопо, Мпумаланга |
| Говорници | 3,7 милиони (2006) |
| Јазично семејство | |
| Статус | |
| Службен во | |
| Јазични кодови | |
| ISO 639-1 | ts |
| ISO 639-2 | tso |
| ISO 639-3 | tso |
| Linguasphere | 99-AUT-dc вкл. varieties 99-AUT-dca... -dcg |
| Гатриев код | S.53 (S.52)[1] |
Цонга (самон. шицонга или поточно шангана) — јужноафрикански банту-јазик што го говори народот Цонга (Вацонга).
Име на јазикот
[уреди | уреди извор]Поимот „цонга“ се однесува на јазиците цонга, цва и ронга. Затоа, самиот јазик цонга во потесна смисла се нарекува „шангана“, наречен по неговиот главен дијалект. Други дијалекти се шилулеке, нвалунгу, хлаве, кнука, гвамба, нлангану, џонга и била.
Географска распространетост
[уреди | уреди извор]|
0–20%
20–40%
40–60% |
60–80%
80–100% |
Јазикот цонга го говорат околу 1.972.000 жители[2] на покраините Лимпопо, Гаутенг и Мпумаланга во ЈАР, како и 1,5 милиони луѓе во Мозамбик и 19.000 луѓе во Свазиленд. Покрај ова, постојат и 100.000 говорници што живеат во Зимбабве.
Во ЈАР, највеќето припадници на народот Цонга (Вацонга) се сконцентрирани во мееста како Нкованкова, Гијани, Маламулеле, Нвамитва, Мухлава, Хланганани (Бунгени) во Лимпопо и Бушбакбриџ, како и други во Мпумаланга. Постои и бројно население во покраините Северозападна, Квазулу-Натал и Гаутенг, што во основа значи насекаде на територијата на стариот Трансвал.
Фонологија
[уреди | уреди извор]Цонга прави разлика помеѓу модални и мрморни варијанти на согласките: /bʱ, bvʱ, vʱ, dʱ, ɖʐʱ, dʒʱ, ɡʱ/ наспроти /b, bv, v, d, ɖʐ, dʒ, ɡ/ кај препречните (со исклучок на /ɮ/), како и помеѓу /m̤, n̤, ŋ̈, r̤, ȷ̈, w̤/ наспроти /m, n, ŋ, r, j, w/ кај сонантите (со исклучок на /ɲ/).
За разлика од некои нгунски јазици, цонга има мошне малку зборови со чкрапки. По место тие можат да бидат од забни до задновенечни.
Граматика
[уреди | уреди извор]Граматиката е типична за банту-јазик, со збороред од обликот „подмет-прирок-предмет“.
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Jouni Filip Maho, 2009. New Updated Guthrie List Online
- ↑ Попис 2001: Најважни резултати - Статистика Јужна Африка (англиски)
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]| Издание на Википедија — слободната енциклопедија на цонга (јазик) |
- Цонга - Ethnologue (англиски)
|