Хенри IV

Од Википедија — слободната енциклопедија
Хенри IV
Портрет од 16 век
Крал на Англија
На престол30 септември 1399 – 20 март 1413 (&1000000000000001300000013 години и &10000000000000202000000202 дена)
Крунисување13 октомври 1399
ПретходникРичард II
НаследникХенри V
Почивалиште
СопружнициМарија де Бохун
1381 - 1394
Жана де Наваро
1403 - 1413
ДецаХенри V
Томас
Јован
Хамфри
Бланка
Филипа
ДинастијаДинастија Ланкастер
ТаткоЏон Гонт
МајкаБланш Ланкастерска
ПотписХенри IV's signature

Хенри IV (3 мај 136720 март 1413) бил крал на Англија во периодот од 1399 до 1413 година. Тој се оженил за Марија де Бохун, која до својата смрт во 1394 година му родила 7 деца. Во 1402 година Хенри се оженил по вторпат, со Жана де Наваро.

Хенри бил основач на династија Ланкастер, која претставувала клон на династија Плантагенет. Негов татко бил Џон Гонт, третиот и најмлад преживеан син на Едвард III.

Прва побуна[уреди | уреди извор]

Хенри бил еден од лордовете кои во 1388 година биле големи приврзаници на кралот. Неговиот татко бил регент на Ричард II. И покрај големата блискост и пријателство, Хенри отишол на страната на лордовите, кога тие се побуниле против кралот Ричард. По уништувањето на конфликтот и прифаќањето на кралот на дел од барањата на лордовите и бароните, по некое време голем дел од истите биле брутално казнети, но Хенри бил помилуван.

Втора побуна[уреди | уреди извор]

Помеѓу Хенри и војводите од Норфолк избиле неколку спорови, па Ричард бил принуден да ги протера и двете спротивставени страни. Така, Хенри бил протеран од земјата за десет години. Кога починал Џон Гонт, таткото на Хенри, Ричард II го конфискувал неговиот имот, кој автоматски требало да припадне на Хенри. Тој имот бил толку голем што во кралството започнало да се смета дека Ричард сака да ја централизира својата власт, контролирајќи ги во целост на големите лордови.

Воен поход[уреди | уреди извор]

Поради ова, Хенри се вратил и најпрвин се сретнал со поранешниот и иден епископ на Кантербери, Томас Арандел, кој ги поддржувал лордовите во намерата да се намалат правата на кралот, па затоа и тој се нашол во прогонство. Тие успеале да мобилизираат одереден број на армија, и заедно да тргнат кон Лондон. Тој момент бил погоден за нив бидејќи кралот се наоѓал на воен поход во Ирска.

Тие започнале со насилно одземање на земјите за оние кои не сакале да им се продружат во војната против Ричард. Самиот автократски стил на владеење на ричард, во земјата не бил многу популарен, па главно поради ова, Хенри многу бргу завладеал со југот и истокот од Англија. Кога Ричард се вратил во Велс, незадоволството веќе било проширено во цела Англија. така, во Велс бил заробен Ричард и принуден да абдицира.

Крал[уреди | уреди извор]

Узурпирањето на престолот од страна на Хенри го направило неговото владеење нестабилно. Хенри на англискиот престол дошол со одлука на парламентот. Бидејќи имал роднинска врска со Ричард, тој се сметал себеси за достоен наследник на престолот. Тој бил крунисан на 13 октомври 1399 година. Ова било прво обраќање на англиски јазик пред населението од страна на кралот, по норманското освојување на Англија.

Хенри IV честопати се консултирал со парламентот за некои одлуки, и честопати влегувал во спор, главно околу црковните и политичките прашања. Томас Арандел повторно станал епископ на Кантербери, и имал големо влијание врз Хенри. За првпат во историјата на Англија биле горени кривоверци. Во 1400 година бил убиен Ричард II. Поддржувачите на Ричард се одрекле од новиот крал, а по ова во Велс избило востание кое траело до 1408 година. Во меѓувреме Шкотска објавила војна на Англија. Богатите семејства Перси и Мортимер (последните имале поголема претензија за престолот од Хенри) воделе војна од 1403 година до 1408 година. Ричард Скроп, архиепископот на Јорк, исто така се вклучил во 1405 година во војната против Хенри IV.

Смрт[уреди | уреди извор]

Хенри боледувал од епилепсија. Во текот на последните две години од својот живот, кралството било управувано од страна на неговиот син, принц на Велс. Тој починал во 1413 година во Вестминстерската опатија. Тој не бил погребан во Вестминстер, туку во Кентербериската катедрала. Тој бил наследен од страна на неговиот син Хенри V.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Biography of HENRY IV - Archontology.org. Retrieved 30-11-2009.
  2. 2,0 2,1 thePeerage.com - Person Page 10187. Retrieved 30-11-2009.
Хенри IV
Помлада гранка на Династија Плантагенет
Роден(а): 15 април 1366 Починал(а): 20 март 1413
Владејачки титули
Претходник
Ричард II
Крал на Англија
Владетел на Ирска

1399–1413
Наследник
Хенри V
Англиско перство
Нова титула Војвода од Херхорд
1397–1399
Merged in Crown
Претходник
Џон Гонт
Војвода од Ланкастер
1399
Наследник
Хенри V
Во привремен застој
Последен владетел
Хампфри де Бухон
Ерл од Нортхемптон
1384–1399
Наследник
Ана Глочестерска
Владејачки титули
Претходник
Џон Гонт
Војвода од Аквитанија
1399
Наследник
Хенри V
Политички функции
Претходник
Џон Гонт
Лорд
1399
Наследник
Томас Ланкастер
Претендентски титули
Претходник
Ричард II
— ТИТУЛАРНО —
Крал на Франција
1399–1413
Изумрени