Источен часовен појас
Источен часовен појас (англиски: Eastern Time Zone, ET) — часовен појас на западната полутопка кој го покрива источниот брег на Северна Америка и западниот брег на Јужна Америка. Времето е пет часа назад од UTC во стандардното време (UTC-5) и четири часа во летното време (UTC-4). Времето за овој појас се добива од средното сончево време од меридијанот 75° западно од Гриничката опсерваторија.
Во САД и Канада, овој часовен појас обично се нарекува „источно време“ (Eastern Time, ET). Поточно, во однос на стандардното време (преку зима) е „источно стандардно време“ (Eastern Standard Time, EST), а преку лето е „источно летно време“ (Eastern Daylight Time, EDT).
Појасот е два часа пред планинскиот појас и еден час зад централниот часовен појас.
Северна Америка
[уреди | уреди извор]Канада
[уреди | уреди извор]Во Канада, следниве покраини и територии се делумно под источниот појас:
- Онтарио (без областите западно од Тандер Беј, но со Атикокан)
- Квебек (без западниот брег Кот Ноар и Маделенските Острови)
- Нунавут, источно-централен дел (вклучувајќи и дел од полуостровот Мелвил и поголемиот дел од островите Елсмир и Бафинова Земја)
САД
[уреди | уреди извор]Во САД, следниве држави се целосно под источниот појас:
Други земји
[уреди | уреди извор]Други земји во источниот часовен појас се:
- Бахами
- Јамајка
- Куба
- Мексико: источната држава Кинтана Ро извесно време во 1990-тите била под EST
- Панама
- Хаити
Јужна Америка
[уреди | уреди извор]Во Јужна Америка овој часовен појас е застапен во:
Наводи
[уреди | уреди извор]Часовни појаси во Северна Америка | ||
---|---|---|
Часовен појас | Часови од UTC: стандардно време | Часови од UTC: летно време |
Хавајско-алеутски (на Хаваите) | –10 | –10 |
Хавајско-алеутски (делови од Алјаска) | –10 | –9 |
Алјаски | –9 | –8 |
Тихоокеански | –8 | –7 |
Планински (само Аризона и Сонора) | –7 | –7 |
Планински (други држави) | –7 | –6 |
Централен (само Саскачеван) | –6 | –6 |
Централен (други држави) | –6 | –5 |
Источен (само островот Саутхемптон, Атикокан и Њу Ознабург/Пикл Лејк) | –5 | –5 |
Источен (други држави) | –5 | –4 |
Атлантски (реката Наташкван) | –4 | –4 |
Атлантски (други држави) | –4 | –3 |
Њуфаундлендски | –3:30 | –2:30 |
Свети Петар и Микелон и најголемиот дел од Гренланд |
–3 | –2 |