Ернст Калтенбрунер

Од Википедија — слободната енциклопедија
Ернст Калтенбрунер
Роден 10 октомври 1903
Рид им Инкрајс, Австрија
Починал 16 октомври 1946
Нирнберг, Германија

Ернст Калтенбрунер (4 октомври 190316 октомври 1946) бил нацистички службеник за време на Втората светска војна.

Ран живот[уреди | уреди извор]

Калтенбрунер е роден во Рид им Инкрајс, мал град во Австрија, како син на адвокат. Образованието го стекнал во државната општа гимназија во Линц, и на универзитетот во Грац. Тргнал по стапките на татко му, а во 1926 и тој самиот станал адвокат. Сепак, на таа работа кратко се задржал (19261928), и тоа по австриските градови Салцбург и Линц. Бил е висок два метри.

Се придружил на Нацистичката партија и СС во Австрија во 1932 година, а ја имал улогата на претставник на округ (германски: Gauredner), и главен советник на 8-та СС дивизија. Во јануари 1934 година бил кратко задржан во затвор со останатите нацисти. Подоцна истата година бил повторно затворен под сомневање во велепредавство и замешаност во убиството на тогашниот премиер на Австрија, Енгелберт Долфус, кој бил заслужен за првото Калтенбрунерово затворање. Но, поголемиот дел од оптужбата пропаднал, и Калтенбрунер во затвор поминал само шест месеци поради завера.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]