Франсис Жам

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Франсис Жам
Francis Jammes en 1917.jpg
Франсис Жам во 1917 година
Роден/а2 декември 1868
Турне, Франција
Починат/а1 ноември 1938
Аспарен, Франција
Занимањепоет, писател
ДржавјанствоФранцузин
Жанрсимболизам

Франсис Жам (француски: Francis Jammes, роден на 2 декември 1868 во Турне - починал на 1 ноември 1938 во Аспарен) — француски писател и поет, кој се вбројува кон групата на француски симболисти.

Биографија[уреди | уреди извор]

Френсис Жам е роден на 2 декември 1868 година во Турне, Франција. Поетскиот талент на Френсис Жам израснал во осаменоста на малиот град Ортез во подножјето на Пиринеите, далеку од вревата на книжевниот Париз. Поголемиот дел од својот живот го поминал во овој регион. Учел во По и Бордо. Работел како помошник-нотар.

Првата книга со стихови му била „Шест сонети“ (1891), проследено со „Од утринската молитва до вечерната молитва“ (1898), „Оплакување на игликите“ (1901), „Поезија“ (1901), „Христијански георгики“ (1911-1912) и др. Неговите публикации биле забележани од Стефан Маларме и Андре Жид. Од 1895 година целосно се посетил на литературата.

Во 1901 година се запознал со Пол Клод, во 1905 година под негово влијание се ориентирал кон католицизмот што нашло одраз во неговото творештво. Во 1928 година се запознал со Пол Валери. Кореспондирач со Клод, Андре Жид, Реми де Гурмон и други символисти. Бил близок на кругот околу издавачката куќа „Меркур де Франс“, во кое обично ги печатил своите книги.

Освен што е автор на книги со поезија, тој има напишано и неколку романи („Поетот Жано“, 1928), драми, мемоари и есеи. Во втората половина од својот живот ги издал „Одбрани песни“ (1922), "Мојата поетска Франција“ (1926), „Извори“ (1936).

Починал на на 1 ноември 1938 во Аспарен.

Библиографија[уреди | уреди извор]

Поезија[уреди | уреди извор]

Проза[уреди | уреди извор]

  • 1899: Clara d'Ellébeuse; ou, L'Histoire d'une ancienne jeune fille[1]
  • 1901: Almaïde d'Etremont; ou, L'Histoire d'une jeune fille passionée[1]
  • 1903: Le Roman du lièvre[1]
  • 1904: Pomme d'Anis; ou, L'Histoire d'une jeune fille infirme[1]
  • 1906: Pensée des jardins[1]
  • 1910: Ma fille Bernadette[1]
  • 1916: Le Rosaire au soleil, Paris: Mercure de France[1]
  • 1918: Monsieur le Curé d'Ozeron[1]
  • 1919: Une vierge, Paris: Édouard-Joseph[1]
  • 1919: Le Noël de mes enfants, Paris: Édouard-Joseph[1]
  • 1919: La Rose à Marie, Paris: Édouard-Joseph[1]
  • 1920: Le Poète rustique, Paris: Mercure de France[1]
  • 1921: Le Bon Dieu chez les enfants[1]
  • 1921: De l'âge divin à l'âge ingrat[1]
  • 1921: Le Livre de saint Joseph, Paris: Plon-Nourrit[1]
  • 1922: Le Poète et l'inspiration, Nîmes, France: Gomès[1]
  • 1923: Cloches pour deux mariages, Paris: Mercure de France[1]
  • 1925: Les Robinsons basques[1]
  • 1926: Trente-six femmes, Paris: Mercure de France[1]
  • 1926: Basses-Pyrénées, Paris: Émile-Paul[1]
  • 1927: Lavigerie[1]
  • 1928: Janot-poète[1]
  • 1928: Les Nuits qui me chantent[1]
  • 1928: La Divine Douleur[1]
  • 1930: Champétreries et méditations[1]
  • 1930: Leçons poétiques, Paris: Mercure de France[1]
  • 1932: L'Antigyde; ou, Elie de Nacre[1]
  • 1934: Le Crucifix du poète, Paris: M. deHartoy[1]
  • 1936: Le Pèlerin de Lourdes, Paris: Gallimard[1]
  • 1938: La Légende de l'aile; ou, Marie-Elisabeth[1]
  • 1941: Saint Louis; ou, L'Esprit de la Croisade, Paris: F. Sorlot[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]