Прејди на содржината

Финале на ФА Купот во 2022 година

Од Википедија — слободната енциклопедија

Матична статија: ФА Куп 2021-2022.

ФА Куп финале 2022
Вембли бил домаќин на финалето.
ПрвенствоФА Куп 2021–2022
По продолженија
Ливерпул победил со 6–5 на пенали
Датум14 мај 2022 (2022-05-14)
СтадионВембли, Лондон
Играч на
натпреварот
Колумбија Луис Дијас (Ливерпул)[1]
СудијаАнглија Крег Поусон[2]
Гледачи84,897
2021
2023

Финалето на ФА Купот во 2022 година бил фудбалски натпревар, со кој се одредил победникот на ФА Купот за сезоната 2021-2022. Ова било 141-вото финале на ФА Купот, англискиот фудбалски куп организиран од страна на ФА. Финалето било одиграно на Вембли на 14 мај 2021 година, а во него се сретнале екипите на Челси и Ливерпул. Ова било прв пат истиот пар на екипи да се сретнат во финалето на Лига Купот и во финалето на ФА Купот во истата сезона по Арсенал и Шефилд Венздеј во 1993 година.[3]

Финалето завршило без голови (0-0) по 90 и 120 минути игра, па победникот бил решен по изведување на пенали. Иако Ливерпул имал предност по раното промашување на Сесар Аспиликуета, во последната серија Садио Мане не успеал да им го донесе трофејот на црвените откако неговиот пенал бил одбранет од неговиот сонародник на голот на Челси, Едуар Менди, по што драмата продолжила; сепак, две серии подоцна Алисон Бекер го одбранил пеналот на Мејсон Маунт, a Костас Цимикас бил прецизен за победа на Ливерпул.

Ливерпул го освоил трофејот за прв пат од 2006 година, а нивниот менаџер, Јирген Клоп, станал првиот германски тренер кој го освоил ФА Купот.[4] На спротивната страна, Челси поставил непосакуван рекорд, губејќи го своето трето последователно финале во натпреварувањето, по поразите од Арсенал и Лестер Сити во финалињата играни во 2020 и 2021 година.

Патот до финалето

[уреди | уреди извор]

Патот на Челси до финалето
Рунда Противник Резултат
3. Честерфилд Честерфилд (Д) 5–1
4. Плимут Плимут (Д) 2–1 (прод.)
5. Лутон Таун Лутон Таун (Г) 3–2
ЧФ Мидлсбро Мидлсбро (Г) 2–0
ПФ Кристал Палас Кристал Палас (Н) 2–0
Клуч: (Д) = Дома; (Г) = Гости; (Н) = Неутрален терен

Патот на Ливерпул до финалето
Рунда Противник Резултат
3. Шрузбери Шрузбери (Д) 4–1
4. Кардиф Сити Кардиф Сити (Д) 3–1
5. Норич Сити Норич Сити (Д) 2–1
ЧФ Нотингем Форест Нотингем Форест (Г) 1–0
ПФ Манчестер Сити Манчестер Сити (Н) 3–2
Клуч: (Д) = Дома; (Г) = Гости; (Н) = Неутрален терен

Натпреварот

[уреди | уреди извор]
Челси
Ливерпул
GK 16 Сенегал Едуар Менди
CB 14 Англија Тревох Чалоба заменет 106'
CB 6 Бразил Тијаго Силва
CB 2 Германија Антонио Ридигер
RM 24 Англија Рис Џејмс добил жолт картон во 77-мата минута 77'
CM 5 Италија Жоржињо
CM 8 Хрватска Матео Ковачиќ заменет 66'
LM 3 Шпанија Маркос Алонсо
RW 19 Англија Мејсон Маунт
LW 10 САД Кристијан Пулишиќ заменет 106'
CF 9 Белгија Ромелу Лукаку заменет 85'
Замени:
GK 1 Шпанија Кепа Арисабалага
DF 28 Шпанија Сесар Аспиликуета влегол во игра 106'
DF 31 Франција Маланг Сар
MF 7 Франција Н'Голо Канте влегол во игра 66'
MF 12 Англија Рубен Лофтус-Чик влегол во игра 106' заменет 120'
MF 17 Шпанија Саул
MF 18 Англија Рос Баркли влегол во игра 120'
MF 22 Мароко Хаким Зијеш влегол во игра 85'
FW 11 Германија Тимо Вернер
Менаџер:
Германија Томас Тухел
GK 1 Бразил Алисон Бекер
RB 66 Англија Трент Александер-Арнолд
CB 5 Франција Ибрахима Конате
CB 4 Холандија Вирџил ван Дајк заменет 91'
LB 26 Шкотска Ендрју Робертсон заменет 111'
CM 8 Гвинеја Наби Кеита заменет 74'
CM 14 Англија Џордан Хендерсон
CM 6 Шпанија Тијаго
RF 11 Египет Мохамед Салах заменет 33'
CF 10 Сенегал Садио Мане
LF 23 Колумбија Луис Дијас заменет 98'
Замени:
GK 62 Ирска Куивин Келехер
DF 12 Англија Џо Гомес
DF 21 Грција Костас Цимикас влегол во игра 111'
DF 32 Камерун Жоел Матип влегол во игра 91'
MF 7 Англија Џејмс Милнер влегол во игра 74'
MF 17 Англија Картис Џонс
FW 9 Бразил Роберто Фирмино влегол во игра 98'
FW 20 Португалија Диого Жота влегол во игра 33'
FW 27 Белгија Дивок Ориги
Менаџер:
Германија Јирген Клоп

Играч на натпреварот:
Луис Дијас (Ливерпул)[1]

Помошни судии:[2]
Дан Кук
Едвард Смарт
Четврти судија:[2]
Дејвид Кут
Четврти судија:[2]
Дан Робатан
Video assistant referee:[2]
Пол Тирни
Assistant video assistant referee:[2]
Сајмон Бенет

Правила на натпреварот[5]

  • 90 минути
  • 30 минути продолженија ако е потребно.
  • Изведување пенали ако резултатот е нерешен.
  • Девет избрани резерви. Од нив пет можат да бидат искористени како замени, а доколку се играат продолженија дозволена е и шеста замена.
  1. 1,0 1,1 Bennett, Charlie (14 May 2022). „Tsimikas fires Klopp's quadruple-chasers to dramatic shootout win over Chelsea“. The Football Association. Посетено на 15 May 2022.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 2,5 „Match officials confirmed for the Emirates FA Cup and Vitality Women's FA Cup Finals“. The Football Association. 21 April 2022. Посетено на 21 April 2022.
  3. McNulty, Phil (20 April 2022). „Chelsea 2–0 Crystal Palace: 'Blues again show ability to thrive amid chaos'. BBC Sport.
  4. Jürgen Klopp maintains hex on Tuchel to make history in the FA Cup with Liverpool
  5. „Rules of the FA Challenge Cup competition“ (PDF). The Football Association. Архивирано од изворникот 11 April 2022. Посетено на 16 April 2022.