Финале на ФА Купот во 2021 година

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

1leftarrow.pngМатична статија: ФА Куп 2020-2021.

Финале на ФА Купот во 2021 година
Wembley-STadion 2013.JPG
Вембли бил домаќин на финалето
ПрвенствоФА Куп 2020-2021
Датум15 мај 2021 (2021-05-15)
СтадионВембли, Лондон
Играч на натпреваротБелгија Јури Тилеманс (Лестер Сити)
СудијаАнглија Мајкл Оливер[1]
Гледачи20,000[note 1][2]
Временски приликиСилен дожд[3]
2020
2022

Финалето на ФА Купот во 2021 година бил фудбалски натпревар, со кој се одредил победникот на ФА Купот за сезоната 2020-2021. Ова било 140-тото финале на ФА Купот, англискиот фудбалски куп организиран од страна на ФА. Финалето било одиграно на Вембли на 15 мај 2021 година, а во него се сретнале екипите на Челси и Лестер Сити.

Финалето било решено во 63-тата минута, кога паднал единствениот гол во натпреварот, а стрелец бил Јури Тилеманс од Лестер Сити. Така, четирикратниот вицешампион, Лестер Сити, го победил фаворитот Челси со 1-0, освојувајќи ја својата прва титула во ФА Купот во својата клупска историја.

Натпреварот, исто така, бил меѓу еден од првите настани каде било забележано враќањето на голем број гледачи на трибините по пандемијата на КОВИД-19.

Патот до финалето[уреди | уреди извор]

Патот на Челси до финалето
Рунда Противник Резултат
3. Морекамб Морекамб (Д) 4–0
4. Лутон Таун Лутон Таун (Д) 3–1
5. Барнсли Барнсли (Г) 1–0
ЧФ Шефилд Јунајтед Шефилд Јунајтед (Д) 2–0
ПФ Манчестер Сити Манчестер Сити (Н) 1–0
Клуч: (Д) = Дома; (Г) = Гости; (Н) = Неутрален терен

Патот на Лестер Сити до финалето
Рунда Противник Резултат
3. Стоук Сити Стоук Сити (Г) 4–0
4. Брентфорд Брентфорд (Г) 3–1
5. Брајтон Брајтон и Хоув Албион (Д) 1–0
ЧФ Манчестер Јунајтед Манчестер Јунајтед (Д) 3–1
ПФ Саутхемптон Саутхемптон (Н) 1–0
Клуч: (Д) = Дома; (Г) = Гости; (Н) = Неутрален терен

Натпреварот[уреди | уреди извор]

Преглед на натпреварот[уреди | уреди извор]

Youri Tielemans
Јури Тилеманс (Лестер) го постигнал единствениот гол во натпреварот.

Челси подобро го отвориле натпреварот и доминирале на почетокот, а првата голема шанса ја имале преку Антонио Рудигер во 15-тата минута чиј удар минал покрај голот на Лестер Сити. Лисиците одговориле кога Тимоти Кастањ испратил низок центаршут кој во добра позиција го дочекал Џејми Варди, но ударот на напаѓачот на патот кон голот на Челси бил блокиран од Рис Џејмс. Во 20-тата минута, Тијаго Силва направил фаул над Келечи Ихеаначо, а по слободниот удар кој го извел Тилеманс, Чаглар Сојунџу шутирал со глава но над голот на Челси. Некаде на половината од првото полувреме дождот почнал да паѓа, со што условите за игра станале потешки.[4] Следната шанса ја имале фудбалерите на Челси, кога Мејсон Маунт одлично примил една топка на средината од теренот и ја водел се до шеснаесеттникот на Лестер од каде шутирал но ударот му бил блокиран од Весли Фофана и завршил покрај голот на лисиците во корнер. Веднаш потоа, дошла најдобрата шанса во првото полувреме, по една нафрлена топка Тимо Вернер и Сесар Аспиликуета од непосредна близина до голот на Лестер не успеале да дојдат до топката и да ја сместат во мрежата. Во 34-тата минута, Џони Еванс бил приморан да излезе поради повреда и бил заменет со Марк Олбрајтон. Пред паузата, последниот обид за гол го имал Варди чиј удар со глава минал покрај голот на Челси. Полувремето завршило со почетниот резултат 0-0; ниту една од двете екипи дури не регистрирала ни удар во рамките на голот.

За време на паузата не биле извршени замени. Осум минути по почетокот на второто полувреме, бил забележан првиот удар во рамката на некои од двата гола: Н'Голо Канте од Челси испратил центаршут од десната страна, но голманот на Лестер Сити Каспер Шмајхел лесно го фатил слабиот удар со глава на Маркос Алонсо. Во 63-тата минута, Лук Томас додал до Тилеманс чиј удар од далечина завршил во горниот лев агол од голот на Челси, со што Лестер Сити повеле со 1-0. И покрај тврдењата на Челси дека имало игра со рака за време на таа акција, голот бил признат. Челси се обиделе да го возвратат ударот преку Хаким Зијеш, но неговиот удар бил одбиен во корнер, од кој не се случило ништо. Во последната минута од регуларното време, Тијаго Силва додал до Бен Чилвел, кој шутирал; во обидот да ја исчисти топката по ударот на Чилвел, Сојунџу го погодил својот соиграч Морган и топката завршила во мрежата на Лестер Сити. Автоголот бил прегледан од VAR, кој открил дека Чилвел бил во офсајд во таа акција; голот бил поништен. И покрај продолжението од пет минути, немало промена на резултатот. Натпреварот завршил 1-0 за Лестер Сити, кој за прв пат во клупската историја го освоил ФА Купот.[5]

Детали[уреди | уреди извор]

15 мај 2018 (2018-05-15) Челси Челси 0–1 Лестер Сити Лестер Сити Лондон
17:30 БЛВ
Извештај гол 63' Тилеманс Стадион: Вембли
Гледачи: 20.000
Судија: Мајкл Оливер
Челси
Лестер Сити
GK 1 Шпанија Кепа Арисабалага
CB 28 Шпанија Сесар Аспилкуета Captain sports.svg заменет 76'
CB 6 Бразил Тијаго Силва
CB 2 Германија Антонио Рудигер
RM 24 Англија Рис Џејмс
CM 7 Франција Н'Голо Канте
CM 5 Италија Жоржињо заменет 75'
LM 3 Шпанија Маркос Алонсо заменет 68'
AM 22 Мароко Хаким Зијеш заменет 68'
AM 19 Англија Мејсон Маунт
CF 11 Германија Тимо Вернер добил жолт картон во 40-тата минута 40' заменет 82'
Замени:
GK 16 Сенегал Едуар Менди
DF 15 Франција Курт Зума
DF 21 Англија Бен Чилвел влегол во игра 68'
DF 33 Италија Емерсон Палмиери
MF 10 САД Кристијан Пулишиќ влегол во игра 68'
MF 20 Англија Калум Хадсон-Одои влегол во игра 76'
MF 23 Шкотска Били Гилмор
MF 29 Германија Каи Хаверц влегол во игра 75'
FW 18 Франција Оливје Жиру влегол во игра 82'
Менаџер:
Германија Томас Тухел
Chelsea vs Leicester City 2021-05-15.svg
GK 1 Данска Каспер Шмајхел Captain sports.svg
CB 3 Франција Весли Фофана добил жолт картон во 36-тата минута 36'
CB 6 Северна Ирска Џони Еванс заменет 34'
CB 4 Турција Чаглар Сојунџу
RM 27 Белгија Тимоти Кастањ
CM 8 Белгија Јури Тилеманс
CM 25 Нигерија Вилфред Ндиди
LM 33 Англија Лук Томас заменет 82'
AM 17 Шпанија Ајосе Перес заменет 82'
CF 14 Нигерија Келечи Ихеаначо заменет 67'
CF 9 Англија Џејми Варди
Substitutes:
GK 12 Велс Дани Ворд
DF 5 Јамајка Вес Морган влегол во игра 82'
DF 18 Гана Даниел Амарти
DF 21 Португалија Рикардо Переира
MF 10 Англија Џејмс Мадисон влегол во игра 67'
MF 11 Англија Марк Олбрајтон влегол во игра 34'
MF 20 Англија Хамза Чудури влегол во игра 82'
MF 24 Сенегал Нампалис Менди
MF 26 Белгија Денис Прат
Менаџер:
Северна Ирска Брендан Роџерс

Играч на натпреварот:
Јури Тилеманс (Лестер Сити)

Помошни судии:
Стјуарт Брт
Сајмон Бенет
Четврти судија:
Пол Тирни
Video assistant referee:
Крис Кавана
Помошен video assistant referee:
Сијан Мејси-Елис

Правила на натпреварот

  • 90 минути.
  • 30 минути продолженија ако е потребно.
  • Изведување пенали ако резултатот е нерешен.
  • Девет избрани резерви. Од нив пет можат да бидат искористени како замени, а доколку се играат продолженија дозволена е и шестта замена.

Белешки[уреди | уреди извор]

  1. Присуството било ограничено на 20.000 лица поради пандемијата од КОВИД-19 во Велика Британија.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Veevers, Nicholas (20 April 2021). „The lineup of match officials for the 2021 Emirates FA Cup Final has been selected“. The Football Association. Архивирано од изворникот 20 April 2021. Посетено на 20 April 2021.
  2. „Youri Tielemans stunner fires Leicester City to maiden Emirates FA Cup crown“. The Football Association. 15 May 2021. Архивирано од изворникот 15 May 2021. Посетено на 15 May 2021.
  3. „FA Cup final report: Chelsea 0 Leicester City 1 | Official Site | Chelsea Football Club“. ChelseaFC. Архивирано од изворникот 15 May 2021. Посетено на 16 May 2021.
  4. Murray, Scott (15 May 2021). „Chelsea 0–1 Leicester (3 of 3)“. The Guardian. Посетено на 16 May 2021.
  5. Murray, Scott (15 May 2021). „Chelsea 0–1 Leicester City (1 of 3)“. The Guardian. Архивирано од изворникот 16 May 2021. Посетено на 16 May 2021.