Три Води
Три Води | |
Координати 41°23′44″N 22°37′54″E / 41.39556° СГШ; 22.63167° ИГД | |
Општина | Струмица |
Население | 0 жит. (поп. 2021)[1]
|
Шифра на КО | 27070 |
Надм. вис. | 420 мнв м |
Три Води на општинската карта Атарот на Три Води во рамките на општината | |
Три Води на Ризницата |
Три Води — село во Општина Струмица.
Географија и местоположба
Три Води се наоѓа во југоисточниот дел на Република Македонија. Од најблискиот град Струмица е оддалечен 6 километри.
Надморската височина во селото е 420 метри а површината на селото изнесува 712 ха.
Селото се граничи со Куклиш, Раборци, Орманли, Костурино, Струмица.
Историја
Во османлиско време, селото претставувало чифлик на Зеин Усеин-бег од Радовиш а подоцна на Исим-ќаја. Во текот на 1904 година по одлука на окружниот комитет на ВМОРО биле запалени зградите во чифликот со селото. За извршување на овие дејства биле задолжени учителите Петар Хаџи Јорданов и Костадин Самарџиев. Иако во акцијата учествувала и селска милиција, палењето на чифликот било прикажано за дело само на четите. Поради тоа кајмакамот само привремено затворил некои селани, од кои меѓутоа, не успеал да извлече ништо поконкретно за оваа акција.
Стопанство
Претежно занимање на населението е земјоделство. Обработливото земјиште во селото зафаќа површина од 23 ха[2].
Население
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според пописот на населението на Македонија од 2002 година, селото има 12 жители и 4 домаќинства, сите Македонци.[3]
Според последниот попис од 2021 година, во селото немало жители.
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 85 | 72 | 135 | 160 | 194 | 121 | 34 | 25 | 16 | 12 | 0 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[4]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[5]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[6]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[7]
Општествени установи
Самоуправа и политика
Културни и природни знаменитости
- Црква „Св. Елисавета“
- Викенд населба
- Три извори на сред село
Редовни настани
Личности
- Ѓорги Митушев
Култура и спорт
Иселеништво
Наводи
- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ „Населени места во Струмица“. http://www.strumica.gov.mk. Посетено на 2013-05-05. Надворешна врска во
|publisher=
(help) - ↑ Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
Надворешни врски
|