Превртенец: Разлика помеѓу преработките

Координати: 40°51′N 22°07′E / 40.850° СГШ; 22.117° ИГД / 40.850; 22.117
Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 103: Ред 103:
{{Вртикоп}}
{{Вртикоп}}


[[Категорија:Вртикоп]]
[[Категорија:Историски села во Вртикоп]]

Преработка од 02:45, 23 октомври 2019

Превртенец
Δελικλή Καγιά
Превртенец is located in Грција
Превртенец
Превртенец
Местоположба во областа
Превртенец во рамките на Вртикоп (општина)
Превртенец
Местоположба на Превртенец во општината Вртикоп и областа Централна Македонија
Координати: 40°51′N 22°07′E / 40.850° СГШ; 22.117° ИГД / 40.850; 22.117
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругПостол
ОпштинаВртикоп
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Превртенец (грчки: Δελικλή Καγιά, Деликли Ќаја) — поранешно село во Воденско, Егејска Македонија, дел од денешната Општина Вртикоп, во Централна Македонија, Грција.

Географија и местоположба

Селото се наоѓало во непосредна близина на селото Врбени, на самиот пат од градот Вртикоп за градот С’ботско.[1]

Сместено е на 10 километри северно од општинското средиште Вртикоп.

Историја

Превртенец била мала чифлигарска населба, која македонските жители го напуштиле селото пред 1913 година поради разбојништва и се засолниле во селото Цакони, Мегленско.[1]

Стопанство

Главно занимање на населението било земјоделството.

Население

Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“, издадена во Константинопол во 1878 година, во која биле наведени статистиките за машкото население од 1873 година, Привиртенец (Privirténetz) било посочено како село во Воденската каза со 63 куќи и 244 жители Македонци.[2]

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година во Превртенец живееле 54 Македонци.[1][3] По податоци на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Приварјанец (Privarjanetz) имало 30 Албанци.[1][4]

Оваа населба во пописот од 1913 година била забележана со 55 жители (веројатно сточарски семејства, бидејќи македонското население го напуштило селото), додека во пописот од 1920 година се водела само со еден жител. Населбата не била обновена, поради што и се распаднала, така што не се спомнува повеќе.[1]

Самоуправа и политика

Селото влегува во рамките на општината Вртикоп, во округот Постол.

Наводи

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 Симовски, Тодор (1998). „Воденски округ“. Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 56.
  2. „Македонија и Одринско. Статистика на населението од 1873 г.“ Македонски научен институт, Софија, 1995, стр. 158 - 159.
  3. Васил К’нчов. Македонија. Етнографија и статистика, Софија, 1900, стр. 149.
  4. Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, pp. 190 - 191.

Белешки