Рибарка (змија)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Змија-рибарка
Natrix tessellata Rheinland-Pfalz 01.jpg
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордови
Потколено: ’Рбетници
Класа: Гуштери
Ред: Лушпари
Подред: Змии
Семејство: Смокови
Потсемејство: Белоушки
Род: Барски змии
Вид: Змија-рибарка
Биномен назив
Natrix tessellata
(Laurenti, 1768)
Синоними

Coronella tessellata Laurenti, 1768
Coluber tessellatus Bonnaterre, 1790
Tropidonotus tessellatus, part., Wagler, 1830
Natrix tessellata Bonaparte, 1834
Tropidonotus tessellatus Boulenger, 1893[1]

Змија-рибарка како јаде риба
Змија-рибарка во Умбрија, Италија

Змија-рибарка (науч. Natrix tessellata) — неотровна змија од потфамилијата белоушки (Natricinae) во рамките на фамилијата на смоковите (Colubridae).

Опис[уреди | уреди извор]

Женките се поголеми од мажјаците и достигнуваат највеќе 1,0-1,3 м во должина. По боја се разликуваат од сивкасто зелена до кафеавкаста или речиси црна, со темни точки по грбот. Стомакот напати има живи бои (жолто или портокалово) со црни точки, мошне налик на коцки за играње.

Биологија[уреди | уреди извор]

Оваа змија живее претежно во реки и езера и се храни со риби (оттаму и народното име). Понекогаш се храни со водоземци како жаби и полноглавци.

Не е отровна, туку се брани со излачување на многу одбивен мирис од задниот отвор. Друг одбранбен механизам е лажирањето смрт (танатоза).

Во сезоната на парење (март–април-мај), змиите-рибарки се собираат во големи групи. Јајцата се положуваат обично во јули, при што едно гнездо има 10-30 јајца. Младите се изведуваат на почетокот на септември.

Змијата-рибарка спие зимски сон од октомври до април во суви дупки крај водата.

Распространетост[уреди | уреди извор]

Покрај Македонија[2], змијата-рибарка се среќава шрум Европа и Азија: Авганистан, Австрија, Азербејџан, Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Германија, Грузија, Грција, Египет, Ерменија, Израел, Ирак, Италија, Јемен, Јордан, Казахстан, Кина, Кипар, Киргистан, Либан, Пакистан, Полска[3], Романија, Русија, Сирија, Словачка, Словенија, Србија, Таџикистан, Туркменистан, Турција, Узбекистан, Украина, Унгарија, Франција, Хрватска, Црна Гора, Чешка, и Швајцарија.

Забележани заболувања[уреди | уреди извор]

Во рушевините на Истрија во областа Добруџа, Романија е забележано заболување на змиите-рибарки од паразитскиот цевчест црв, namely Eustrongylides и, почнувајќи од 2005 г. ова население е предмет на проучување.[4]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Boulenger, G.A. 1893. Catalogue of the Snakes in the British Museum (Natural History), Volume I. London. pp. 233-234
  2. Петковски, С.; В. Сидоровска и Г. Џукиќ (2000/1 г). Биодиверзитетот на фауната на змиите (Reptilia: Serpentes) во Македонија. „Екол. Зашт. Живот. Сред.“ (Скопје) том  7 (1-2): 41-54. http://www.mes.org.mk/PDFs/Journal/Vol%2007/Petkovski%20et%20al.pdf. 
  3. Vlcek, Petr; Bartlomiej Najbar and Daniel Jablonski. (2010) First records of the Dice Snake (Natrix tessellata) from the North-Eastern part of the Czech Republic and Poland. Herpetology Notes 3:23-26
  4. Mebert, Konrad (ed.): The Dice Snake, Natrix tessellata: Biology, Distribution and Conservation of a Palaearctic Species. Mertensiella 18, 2011, pp. 1-456.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]