Остроглава шарка

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Остроглава шарка
Vipera ursinii macrops.jpg
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордови
Потколено: ’Рбетници
Класа: Влекачи
Ред: Лушпари
Подред: Змии
Семејство: Отровници
Потсемејство: Отровници
Род: Шарка
Вид: Остроглава шарка
Биномен назив
Vipera ursinii
(Bonaparte, 1835)
Синоними
  • Coluber foetidus
    Güldenstädt In Georgi, 1801
  • Pelias Ursinii Bonaparte, 1835
  • [P[elias]. berus] Var. Ursinii
    Cope, 1860
  • Pelias chersea vel Ursinii
    — Cope, 1860
  • Pelias Renardi Christoph, 1861
  • [Vipera berus] var. rákosiensis Méhelÿ, 1893
  • Vipera ursinii Boulenger, 1893
  • Vipera renardi — Boulenger, 1893
  • Vipera ursinii var. rakosiensis Méhely, 1894
  • Vipera ursinii — Boulenger, 1896
  • Vipera renardi — Boulenger, 1896
  • Vipera macrops Méhely, 1911
  • Vipera ursinii macrops
    Bolkay, 1924
  • Vipera (Pelias) ursinii forma trans. rudolphi A.F. Reuss, 1924
  • Acridophaga ursinii — A.F. Reuss, 1927
  • Vipera ursinii ursinii — L. Müller, 1927
  • Coluber ursinoides Nikolsky, 1927
  • Peilas berus var. uralensis
    A.F. Reuss, 1929 (nomen nudum)
  • Acridophaga uralensis
    — A.F. Reuss, 1929
  • Vipera berus var. rakosiensis
    — F. Werner, 1929
  • A[cridophaga]. (renardi) eriwanensis A.F. Reuss, 1933
  • Vipera ursinii renardi
    — Schwarz, 1936
  • Vipera ursinii macrops
    — Schwarz, 1936
  • Acridophaga ursini — F. Werner, 1938
  • Vipera berus var. renardi
    Başoğlu, 1947
  • Vipera ursinii rakosiensis
    — Knoepffler & Sochurek, 1955
  • Vipera ursinii ebneri
    Knoepffler & Sochurek, 1955
  • Vipera ursinii wettsteini
    Knoepffler & Sochurek, 1955
  • Vipera orsinii Ghidini, 1958
  • Vipera ursinii ursinii

Остроглава шарка или остроглава осојница (науч. Vipera ursinii) — широкораспространета змија од фамилијата на отровниците (Viperidae) од југоисточна Франција, па сè до Кина (Синџанг). Во Македонија, се среќава во северниот и североисточниот дел на земјата[2]. Засега нема признаени подвидови.[3]

Научен назив[уреди | уреди извор]

Научното име ursinii го носи во чест на италијанскиот природонаучник Антонио Орзини (1788–1870).[4]

Опис[уреди | уреди извор]

Возрасните единки се долги во просек 40–50 см, иако се најдени и примероци по 63–80 см.[5] Женките се поголеми од мажјаците. Остроглавата шарка е слична на италијанската (V. aspis) и обичната шарка (V. berus), но има забележителни разлики. Ова е најмала отровница во Европа, со дебело тело, тесна глава и груб изглед. Муцката не е извиена нагоре. На главата има неколку големи лушпи (плочки). На грбот има изразено засртени лушпи во само 19 реда, а меѓу нив честопати се забележува темна кожа. По боја змијата е сива, драп или жолтеникава со темна кривулеста пруга на грбот, обрабена со црно.[6]

Распространетост[уреди | уреди извор]

Распространетост на остроглавата шарка

Покрај Македонија, остроглавата шарка живее во југоисточна Франција, источна Австрија (изумрена), Унгарија, средна Италија, Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Албанија, Романија, јужна Бугарија, Грција, Турција, северозападен Иран, Ерменија, Азербејџан, Грузија, Русија, Казахстан, Киргистан и степите на источен Узбекистан до (вклучувајќи го) Синџанг во Кина.

Подвидот Vipera ursini rakosiensis е матичен за Унгарија[7] но неговиот таксономски статус е спорен (вид. „Таксономија“)

Заштитен статус[уреди | уреди извор]

Оваа змија е заведена како ранлив вид на Црвениот список на МСЗП поради уништувањето на живеалиштата предизвикани од промените во земјоделството и климатските промени во планинските подрачја. Игра улога и нивното собирање во трговијата со миленици.[1]

Покрај тоа, остроглавата шарка е заведена во Прилог I од Конвенцијата за меѓународна трговија со загроезени видови како миленици (CITES) , што значи дека на змијата ѝ се заканува изумирање ако не престане трговијата,[8] and is a strictly protected species (Appendix II) на Бернската конвенција.[9]

Таксономија[уреди | уреди извор]

Единките покажуваат висок степен на генетска разновидност. Во современата стручна литература се среќаваат барем 6 подвида, иако може впрочем да се работи за повеќе видови:

  • V. u. ursinii (Bonaparte, 1835)
  • V. u. eriwanensis (A.F. Reuss, 1933)
  • V. u. graeca Nilson & Andrén, 1988
  • V. u. macrops Méhelÿ, 1911
  • V. u. moldavica Nilson, Andrén & Joger, 1993
  • V. u. rakosiensis Méhely, 1893
  • V. u. renardi Christoph, 1861

Golay et al. (1993) ги признава првите четири, додека пак Mallow et al. (2003) признава пет и ги наведува V. eriwanensis и V. renardi како исправни видови.[5] Меѓутоа, McDiarmid et al. (1999), а со тоа и Обединетиот таксономски информативен систем (ITIS) сметаат дека се потребни поточни податоци за да може да се одреди бројот на подвидови.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Joger, Ulrich; Crnobrnja Isailovic, Jelka; Vogrin, Milan; Corti, Claudia; Sterijovski, Bogoljub; Westerström, Alexander; Krecsák, László; Pérez Mellado, Valentin; Sá-Sousa, Paulo; Cheylan, Marc; Pleguezuelos, Juan M.; Sindaco, Roberto (2008). "Vipera ursinii". Црвен список на загрозени видови на МСЗП. Верзија 2011.1. Меѓународен сојуз за заштита на природата. конс. 5 July 2011.  (англиски)
  2. Петковски, С.; В. Сидоровска и Г. Џукиќ (2000/1 г). Биодиверзитетот на фауната на змиите (Reptilia: Serpentes) во Македонија. „Екол. Зашт. Живот. Сред.“ (Скопје) том  7 (1-2): 41-54. http://www.mes.org.mk/PDFs/Journal/Vol%2007/Petkovski%20et%20al.pdf. 
  3. "Vipera ursinii". Обединет таксономски информативен систем. конс. 19 August 2006.  (англиски)
  4. Bonaparte, Carlo Luciano. 1835. Iconografia della fauna italica per le quattro classi degli animali vertebrati. Tomo 2. Amfibi. Rome: Salviucci. pages unnumbered. (Pelias Ursinii )
  5. 5,0 5,1 Mallow D, Ludwig D, Nilson G. 2003. True Vipers: Natural History and Toxinology of Old World Vipers. Malabar, Florida: Krieger Publishing Company. 359 pp. ISBN 0-89464-877-2.
  6. Arnold EN, Burton JA. 1978. A Field Guide to the Reptiles and Amphibians of Britain and Europe. London: Collins. 272 pp. ISBN 0-00-219318-3. (Vipera ursinii, pp. 215-217 + Plate 39 + Map 121.)
  7. Fertő-Hansag National Park of Hungary
  8. Vipera ursiniiCITES и Програма за животна средина на ООН / Светски центар за надзор на заштитата на природата посет. 8 октомври 2006 г
  9. Конвенција за зачувување на европската дива природа живеалишта, Прилог II at Совет на Европа посет. 9 октомври 2006 г

Надворешни врски[уреди | уреди извор]