Жолт смок

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Жолт смок
Coluber caspius.jpg
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордови
Класа: Влекачи
Ред: Лушпари
Подред: Змии
Семејство: Смокови
Потсемејство: Вистински смокови
Род: Dolichophis
Вид: Жолт смок
Биномен назив
Dolichophis caspius
Nagy et al., 2004
Подвидови
Синоними

во текстот

Жолт смок (науч. Dolichophis caspius или Coluber caspius) — чест вид змија од фамилијата на смоковите (Colubridae) застапена во Македонија[1], на Балканот и делови од Источна Европа. Ова е најголемата змија во Македонија и цела Европа.

Опис[уреди | уреди извор]

Оваа змија е најголемата во Европа. Обично достигнува должина од 140 до 160 см, но има и примероци долги по 200 см. Најголемата забележана била долга 250 см[2][3] Не е отровна и претежно е активна преку ден. Главата продолжува кон телото со дебел врат. Има округли зеници, 19 реда мазни лушпи во средината на телото (иако ретко се среќаваат по 17). Грбните лушпи имаат по две пори на задниот раб. Средишниот дел на лушпата има посветла боја.[2] Грбната страна од телото е сивокафеава и има белези што се јасно изразени во младоста, но избледнуваат кога единката ќе стане возрасна. Стомачната страна на телото е светложолта или бела.

Таксономија[уреди | уреди извор]

Синоними[уреди | уреди извор]

Жолтиот смок прв го завел Јохан Фридрих Гмелин во 1789 г. и оттогаш има добиено повеќе научни имиња. Еве ги сите синоними:[4]

  • Coluber caspius (Gmelin in 1789)
  • Coluber acontistes
  • Coluber thermalis
  • Coluber jugularis caspius
  • Hierophis caspius

Распространетост[уреди | уреди извор]

Оваа змија се среќава на Балканот, делови од источна Европа и мали делови од Мала Азија. Покрај Македонија, живее во Албанија, Бугарија, Грција, Србија, Романија, Хрватска, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Словенија, јужна Словачка, европска Турција, Молдавија, јужна Украина, јужна Русија, Казахстан, Јордан и јужна Унгарија.[4][5] Според испитувањата, утврдено е дека жиевалиштата обично се наоѓаат во ниските поречија (испитани се Дунав и Олт).[6]

Исхрана[уреди | уреди извор]

Жолтиот смок се храни со мали цицачи, гуштери, птици и други змии. Иако не е отровна, оваа змија важи за жестока бидејќи каса веднаш и без предупредување. Се смета за благотворна во земјоделството бидејќи јаде глодари кои се штетни за културите.[2]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Петковски, С.; В. Сидоровска и Г. Џукиќ (2000/1 г). Биодиверзитетот на фауната на змиите (Reptilia: Serpentes) во Македонија. „Екол. Зашт. Живот. Сред.“ (Скопје) том  7 (1-2): 41-54. http://www.mes.org.mk/PDFs/Journal/Vol%2007/Petkovski%20et%20al.pdf. 
  2. 2,0 2,1 2,2 Dolichophis caspius (Caspian Whip Snake)“. TrekNature. конс. 18 January 2010. 
  3. [1]
  4. 4,0 4,1 Dolichophis caspius GMELIN, 1789“. The Reptiles Database. J. Craig Venter Institute. конс. 18 January 2010. 
  5. Mazzei, Paolo; Ilaria Pimpinelli. Dolichophis caspius (Gmelin, 1789)“. Amphibians and Reptiles of Europe. конс. 18 January 2010. 
  6. Covaciu-Marcov, Severus-Daniel; Anamaria David (16 декември 2008 г). Dolichophis caspius (Serpentes: Colubridae) in Romania: New distribution records from the northern limit of its range. „Turkish Journal of Zoology“ (TÜBİTAK). http://journals.tubitak.gov.tr/havuz/zoo-0812-4.pdf. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]