Планински смок

Од Википедија — слободната енциклопедија
Планински смок
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордови
Класа: Влекачи
Ред: Лушпари
Подред: Змии
Семејство: Смокови
Потсемејство: Вистински смокови
Род: Coronella
Вид: C. austriaca
Научен назив
Coronella austriaca
Laurenti, 1768[1]

Планински смок (науч. Coronella austriaca) — неотровна змија од семејството на смоковите (Colubridae) која живее во Македонија[2], во северна и средна Европа и на исток до северен Иран. Постојат три подвида.[1]

Опис[уреди | уреди извор]

Двата пола во просек се долги 60 до 75 см. Во Шведска се забележани се две единки по 83 см, а во Русија е измерена единка долга 92 см.[3]

На главата има една муцкена лушпа која е барем толку длабока колку што е широка, образувајќи триаголна вдлабнатина помеѓу меѓуносните лушпи (ретко ги двои). На темето има девет големи лушпи. Носната лушпа често е поделена. Има само една (ретко две) предочна и две задочни лушпи. Слепоочните лушпи се во распоред 2+2 или 2+3 (ретко 1+2). Има седум (ретко осум) горноуснените лушпи, од кои третата или четвртата и петтата се граничат со окото.[3]

Средишниот дел од телото има 19 (ретко 17 или 21) реда грбни лушпи. За разлика од многу други змии што живеат на истото подрачје, лушпите им се мазни (не се засртени). Мажјаците имаат 150-164 стомачни лушпи, а женките имаат по 162–200. Чмарната лушпа е поделена (ретко цела), а подопашните лушпи се во парови. Мажјаците имаат по 54–70 подопашни лушпи, а женките по 40–76.[3]

Шарата на долниот дел од телото е кафеава, сива или црвенкасто кафеава[4] со два реда мали слабо забележливи точки долж грбот кон опашката. Во некои случаи, секој пар точки се спојува кај вратот neck area, образувајќи низа накрсни белези на грбот. Има и низа мошне слабо видливи точки долж страните на телото. Овие четири низи од точки се протегаат врз четири напоредни сенчести пруги кои исто така се протегаат по грбот и страните на телото.[3]

Врз главата има темен белег кој често има облик на круна, што се одразува во научното име родотCoronella („круничка“). Од секоја ноздра се протега релативно широка темна пруга, оди над окото и долж страните на главата и завршува зад вратот. Горноусните лушпи се белузлави, сивкасто бели или светлокафеави, напати со темни точки. Јазикот е црвенкасто кафеав или темноцрвен.[3]

Биологија[уреди | уреди извор]

Планинскиот смок се храни со помали животни, особено со други влекачи. Поголемиот плен го совладува со стегање (давење), но за разлика од вистинските удави, пленот не го убива на овој начин.[5] Јајцата ги положува на топло место, закопувајќи ги во песок.

Во Британија живее само во вресишта.

Распространетост[уреди | уреди извор]

Покрај Македонија, планинскиот смок се среќава во Англија, Франција, од Ниските Земји до северна Шпанија и Португалија, Германија, Норвешка и Шведска (на север сè до 63° СГШ), во Латвија, Литванија, Естонија, Швајцарија, Австрија, Италија со Сицилија (но без Корзика и Сардинија), западниот Балкан и Грција и европска Русија до 57° СГШ. Во Азија, планинскиот смок живее од Турција до Азербејџан, Грузија, Ерменија и северен Иран.[4]

Во Финска, оваа змија се среќава само по островите на Оланд, а и таму е поретка.

Подвидови[уреди | уреди извор]

Подвид[1] Опишал[1] Распространетост
C. a. austriaca Laurenti, 1768
C. a. acutirostris Malkmus, 1995
C. a. fitzingeri Bonaparte, 1840 јужна Италија и Сицилија[3]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 Coronella austriacaБаза на влекачи (англиски)
  2. Петковски, С; В. Сидоровска и Г. Џукиќ (2000/1). „Биодиверзитетот на фауната на змиите (Reptilia: Serpentes) во Македонија“ (PDF). Екол. Зашт. Живот. Сред. Скопје. 7 (1–2): 41–54. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)[мртва врска]
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 3,5 Street D. 1979. The Reptiles of Northern and Central Europe. London: B.T. Batsford Ltd. 268 pp. ISBN 0-7134-1374-3.
  4. 4,0 4,1 Steward JW. 1971. The Snakes of Europe. Cranbury, New Jersey: Associated University Press (Fairleigh Dickinson University Press). 238 pp. LCCCN 77-163307. ISBN 0-8386-1023-4.
  5. „Surrey Amphibian and Reptile Group smooth snake page“. Архивирано од изворникот на 2012-02-23. Посетено на 2014-08-11.

Галерија[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]