Попови Трња (Црничани)
Попови Трња — археолошко наоѓалиште во дојранското село Црничани. Претставува населба од римско време.
Во непосредната близина на крстопатот Валандово-Дојран-Богданци, од северната страна на патот за Богданци (Р1109), а спроти наоѓалиштето Атици, во парцелите на поранешната винарија „Винојуг“, на површина од 200 × 100 м се гледаат грамади од градежен камен, фрагменти од архитектонска пластика, како и множество фрагменти од керамички садови.[1]
Поврзано[уреди | уреди извор]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 115. ISBN 9989-649-28-6.