Атици (Црничани)
Атици (или Атица) — археолошко наоѓалиште во дојранското село Црничани. Претставува населба од неолитско време.
Во непосредната близина на крстопатот Валандово-Дојран-Богданци, во парцелите 5 и 10 на поранешната винарија „Винојуг“, на површина од 500 × 200 м се среќаваат фрагменти од куќен лепеж, огништа и фрагменти од керамички садови и камени и коскени орудија. Музејот на Македонија во 1988 година извршил заштитно археолошко ископување.[1]
Наодите се чуваат во Музејот во Гевгелија.
Поврзано[уреди | уреди извор]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 115. ISBN 9989-649-28-6.