Црквиште (Николиќ)
Црквиште — археолошко наоѓалиште во дојранското село Николиќ. Претставува старохристијанска базилика.
На северната периферија на селото се гледаат остатоци од базиликална градба од IV-V век, со нартекс и егзонартекс. Се забележуваат траги од олтарната преграда, а зачуван е канцел од мермер. Исто така се откриени и фрагменти од богато орнаментирана архитектонска пластика.[1]
Поврзано[уреди | уреди извор]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 111. ISBN 9989-649-28-6.