Лагер (Николиќ)
Лагер - Стари Лозишта — археолошко наоѓалиште во дојранското село Николиќ. Претставува населба од хеленистичко и доцноантичко време.
На повеќе тераси над северната периферија на селото, на површина од 200 × 100 м се среќаваат многубројни фрагменти од керамички садови. Во нивите на К. Трајков и во околните ниви има грамади од градежен камен, фрагменти од тегули и имбрекси, како и од керамички садови.[1]
Поврзано[уреди | уреди извор]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 110. ISBN 9989-649-28-6.