Монте Карло, злато

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Филмски постер за Монте Карло, злато

'Монте Карло, злато е британска комедија од 1951 година. Во него се појавува Одри Хепберн во улога на разгалена актерка. Најголем дел од биографите на Хепберн велат дека за време на снимањето на овој филм, драмската авторка Колет ја забележала Хепберн и ја повикала да ја игра главната улога во нејзината претстава Жижи, која на Одри ќе ѝ помогне да ја започне блескавата кариера во Холивуд.

Монте Карло, злато е продуциран на англиски јазик. Сепак, направена е и втора верзија на француски. Бидејќи Хепберн одлично зборувала француски, таа два пати ја играла истата улога (иако името на ликот било променето). Француската верзија на филмот се емитува во текот на 1952 година под името Nous irons à Monte Carlo (Ќе одиме во Монте Карло). Според некои извори, англиската верзија е снимана симултано со француската и е пуштена една година по неа, односно во 1953 година.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]