Париз, кога врне

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
„Париз, кога врне“
Paris when it sizzles.jpeg
Оригинален филмски постер
РежисерРичард Квин
ПродуцентЏорџ Екслроуд
Ричард Квин
СценаристЏулиен Дувивиер
(La fête à Henriette)
Хенри Џинсон
(La fête à Henriette)
Џорџ Екслроуд (адаптација на сценариото)
НастапуваатВилијам Холден
Одри Хепберн
МузикаНелсон Ридл
КинематографијаЧарлс Ланг
Клод Реноар
МонтажаАрчи Маршек
ДистрибутерParamount Pictures
Премиера8 април 1964
Времетраење110 минути (приближно)
Држава САД
ЈазикАнглиски
Буџет$4 милиони (проценка)

Париз, кога врне е романтична комедија од 1964 година. Сценариото е на Џорџ Екслроуд и е базирано врз приказната и филмот La fête à Henriette на Џулиен Дувивиер и Хенри Џинсон.

Кратка содржина[уреди | уреди извор]

Приказната зборува за сценаристот по име Ричард Бенсон (Вилијам Холден) кој е платен да напише сценарио за неговиот шеф, Г. Александр Мирхајм (Ноел Кауард). Сосема самоуверен во своите способности, тој остава само три дена пред рокот за да го напише сценариото. Габриел Симпсон (Одри Хепберн), привремена секретарка која е вработена од Бенсон да му помогне во пишувањето, доаѓа во хотелот кадешто е сместен Ричард и заедно со него почнуваат да го пишуваат сценариото со име Девојката што ја украде Ајфеловата кула. Како се развива текстот, така се развива и романсата меѓу двајцата сценаристи.

Занимливости[уреди | уреди извор]

  • Филмот е римејк на францускиот филм La fête à Henriette (1952), режиран од Џулиен Дувивиер.
  • Според неколку биографии на Хепберн, Париз, кога врне се снимал хаотично, зашто Холден, кој имал афера со Одри во текот на снимањето на Сабрина една деценија пред Париз, кога врне се обидел да ја возобнови романсата со сега веќе венчаната актерка.
  • Филмот е сниман истовремено со Шарада, поради што неколку места се повторуваат во двата филма.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]