Час за децата

Од Википедија — слободната енциклопедија
„Час за децата“
Оригинален филмски постер
РежисерВилијам Вајлер
ПродуцентПомошен продуцент:
Роберт Вајлер
Продуцент:
Вилијам Вајлер
СценаристДрама:
Лилиан Хелман
Адаптација:
Лилиан Хелман
Сценарио:
Џон Мајкл Хејс
Главни улогиОдри Хепберн
Ширли Меклејн
Џејмс Гарнер
МузикаАлекс Норт
КинематографијаФранц Планер
МонтажаРоберт Свинк
ДистрибутерRKO Radio Pictures
Премиера19 декември 1961
Времетраење107 минути
Земја САД
ЈазикАнглиски
Буџет$ 3,600,000
Бруто заработка$3 милиони [1] или $1.8 милиони [2]

Час за децата е филмска адаптација од 1961 година на истоимената драма напишана од Лилиан Хелман. Режирана е од Вилијам Вајлер а глумат Одри Хепберн, Ширли Меклејн и Џејмс Гарнер.

Кратка содржина[уреди | уреди извор]

Марта Доби (Ширли МекЛејн) и Керен Рајт (Одри Хепберн), кои се запознале кога имале седумнаесет години, поседуваат училиште за девојки. Керен е свршена за Џо (Џејмс Гарнер), доктор, со кого конечно, откако училиштето почнува да прави профит, закажуваат ден за свадба. Но токму тогаш, Марта станува љубоморна. Откако наслушнува низа расправии, едно одмаздољубиво девојче Мери почнува да шири гласини дека двете жени се во афера. Животот на Марта и Керен е уништен, затоа што родителите ги земаат девојките дома, училиштето се затвора, а Џо почнува да се прашува за вистинскиот однос меѓу нив.

Награди и номинации[уреди | уреди извор]

Филмот е номиниран за пет „оскари“ и за три „златни глобуси“ во 1962 година.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Balio 1987, стр. 171.
  2. „Big Rental Pictures of 1962“. Variety. January 9, 1963. стр. 13. ISSN 0042-2738.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]