Прејди на содржината

Милан - Јувентус 1-6 (Серија А 1996-1997)

Од Википедија — слободната енциклопедија

Матична статија: Дерби Јувентус-Милан.

Милан - Јувентус 1-6
ПрвенствоСерија А 1996-1997
Датум6 април 1997
СтадионСан Сиро, Милано, Италија
СудијаСтефано Браски
Гледачи81.700

Вториот натпревар во Серија А во сезоната 1996-1997 помеѓу славните италијански фудбалски клубови Милан и Јувентус, бил одигран на Сан Сиро во Милано на 6 април 1997 во рамките на 26-тото коло од првенството.[1] Јувентус го добил овој натпревар како гостин со убедливи 6-1, нанесувајќи му го на својот соперник еден од најтешките порази на негов терен во Серија А, од кога е уведено новото правило за секоја победа да се добиваат по три бода. Интересно е дека ова била најубедливата победа на Јувентус на гостински терен во Серија А во оваа сезона, но не и единствената таква во сезоната бидејќи претходно во Суперкупот на Европа тие со истиот резултат го совладале и францускиот Париз Сен Жермен на Паркот на принцовите.

Милан одиграл една разочарувачка сезона во која накрајот завршиле како 11-ти во првенството, а претходно испаднале уште во групната фаза на Лигата на шампионите и во четвртфиналето на Купот на Италија. За разлика од нив Јувентус бил неприкосновен во Серија А и со скор од 17 победи, 14 нерешени и само 3 порази го освоил своето 24-то скудето во клупската историја. Покрај тоа, Јувентус ги освоил и Суперкупот на Европа и Интерконтиненталниот куп. Исто така Јувентус бил во финалето на Лигата на шампионите втора година по ред, но за разлика од претходната овојпат биле поразени од Борусија Дортмунд со 3-1.

Во првиот натпревар во Серија А за сезоната помеѓу овие два тима во есенскиот дел од првенството, Јувентус и Милан одиграле нерешено 0-0 во Торино.

Детали од натпреварот

[уреди | уреди извор]
6 април 1997 Милан Милан 1 – 6 Јувентус Јувентус Сан Сиро, Милано
20:30 ЦЕВ
Симоне гол 75' Извештај гол 19', гол 51' Југовиќ
гол 32' (пен.) Зидан
гол 71', гол 81' Виери
гол 73' Аморузо
Гледачи: 81.700
Судија: Стефано Браски
Милан
Јувентус
Милан:
GK1Италија Себастијано Роси
DF14Холандија Михаел Рајзигер
DF29Италија Пјетро Вјерховод
DF6Италија Франко Барези
DF3Италија Паоло Малдини
MF10Југославија Дејан Савичевиќ
MF8Франција Марсел Десаизаменет 81'
MF20Хрватска Звонимир Бобан
MF34Шведска Јеспер Бломквистзаменет 60'
FW19Франција Кристоф Дугари
FW23Италија Марко Симоне
Резерви:
GK27Италија Анџело Пагото
FW18Италија Роберто Баџовлегол во игра 60'
DF2Италија Мауро Тасотивлегол во игра 81'
DF4Италија Франческо Коко
DF12Југославија Миодраг Вукотиќ
MF16Италија Стефано Еранио
Тренер:
Италија Ариго Саки
Јувентус:
GK1Италија Анџело Перуци
DF5Италија Серџо Поринизаменет 74'
DF2Италија Чиро Ферара
DF13Италија Марк Јулиано
DF6Португалија Димаш
MF7Италија Анџело Ди Ливио
MF20Италија Алесио Такинарди
MF21Франција Зинедин Зиданзаменет 75'
MF18Србија и Црна Гора Владимир Југовиќ
FW15Италија Кристијан Виери
FW9Хрватска Ален Бокшиќзаменет 39'
Резерви:
GK12Италија Микеланџело Рампуља
FW16Италија Никола Аморузовлегол во игра 39'
DF22Италија Џанлука Песотовлегол во игра 74'
MF19Италија Атилио Ломбардовлегол во игра 75'
DF26Италија Руди Николето
MF28Италија Ивано Трота
FW39Австралија Масимилијано Виери
Тренер:
Италија Марчело Липи

Судии на натпреварот

  • Асистент судија:
  • Четврти судија:

Правила на натпреварот

  • 90 минути игра.
  • Можен е секој резултат
  • Седум повикани резерви
  • Три можни замени.
  1. ↑ „6 април 1997 : Milan-Juventus 1-6“. juventuslastoriasiamonoi. 6 април 2018. Посетено на 6 декември 2018.[мртва врска]

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]