Кили

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Кили (атол))
Кили
Сателитска снимка на Кили.
Географија
МестоТихи Океан
Координати5°38′46″N 169°07′42″E / 5.64611° СГШ; 169.12833° ИГД / 5.64611; 169.12833
АрхипелагРалички Острови
Вкупно острови1
Површина0,93 км2
Управување
Демографија
Население600 (2005)
Етнички групиМаршалци


Кили (маршалски: Kōle[1]) е корален остров во Тихиот Океан. Островот е дел од Раличките Острови во Маршалските Острови и претставува една од општините во државата. Островот има 0.93 км2, нема лагуна, нема корален гребен и пртставува еден од најмалите острови во државата. Островот се наоѓа 49 км југозападно од Џалуит. Според податоците од 2005 година, на островот живеат 600 жители.

Со брод на островот не може да се пристигне со месеци, зависно од перидот, поради лошите води. Сепак, на островот има мала писта преку која оперира Air Marshall Islands.

Историја[уреди | уреди извор]

Германија во 1884 тврдела дела Кили е под нивна контрола, како и останатите Маршалски Острови. По Првата светска војна островот бил под јапонска управа, а по Втората светска војна под американска управа. Со независноста на Маршалските Острови, атолот станал дел од новата држава.

Кога САД ја пробувале атомската бомба на Бикини, луѓето од Бикини биле преселени на Кили. Денес луѓето на Кили се воглавно потомци на луѓето од Бикини. На Островот има две цркви и основно училиште.

Наводи[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]