Прејди на содржината

Димитрија "Диме" Никодиноски

Непроверена
Од Википедија — слободната енциклопедија
Димитрија "Диме" Никодиноски

Димитрија "Диме" Никодиноски (8 ноември 1924, Речани-Челопечко, Кичево - 18 јули 2003, Речани-Челопечко, Кичево) бил македонски борец и партизан кој учествувал во Втората Светска Војна како дел од "Првата македонско-косовска ударна бригада" која се борела за ослободување на Македонија од бугарските и италијанските фашистички и опресорски сили.

Животопис

[уреди | уреди извор]
Обединета Македонија
Македонскo сонце симболот на македонците
Прва македонско-косовска ударна бригада
Митинг во ослободено Кичево

Роден е на 8 ноември 1924 година во селото Речани, Кичево во тогашното "Царство на Србитe, Хрватитe и Словенцитe" во окупираниот Вардарски дел на Македонија. Роден е како Димитрија Стојчески Никодиноски, татко му бил Симеон "Синадин" Стојчески Никодиноски (1902, Речани-Челопечко, Кичево - 1974, Речани-Челопечко, Кичево), мајка му била Василка Мијајлеска Стојческа (14 јануари 1890, Орланци, Кичево - 1980, Речани-Челопечко, Кичево), тој имал и две сестри Наталија "Ната" (1921, Речани-Челопечко, Кичево - 1990) и Илинка (1927, Речани-Челопечко, Кичево - 1995). Диме од мали нозе покажувал љубов за татковината Македонија и имал силен македонски идентитет. Диме завршил четири годишно училиште во Светораче и покажувал голем потенцијал.[1][2][3] Љубовта за татковината станала уште поголема кога за време на окупацијата од бугарските и италијанските фашистички и опресорски сили. Диме нашол радио кое го загубиле војниците. Mајка му Василка им кажала на селаните за најденото радио. Kога италијанските војници дознале, тие го зеле Диме да го испрашуваат, тие се сомневале да нѐ бил партизан. Иако невиниот Диме не направил ништо лошо италијанските војници лошо го натепале, во тој момент љубовта за татковината се зголемила уште повеќе и желбата за слободна и обединета Македонија. [4][5]Диме веќе неможел да ги трпи измачувањата и грабежите од бугарските фашистички агресори и одлучил да појде во Битола да работи, тој таму работел како чистач на коритото на реката Црна Река. Кога пошол во Битола бугарските војници планирале да го убијат и да го турнат во Црна река, но за среќа Диме дознал за планот на Бугарите од другите работници и избегал за Речани. Но бугарските војници почнале да го бараат, па избегал по планините и им се придружил на партизаните во 1943 год., после некое време се придружил на "Првата македонско-косовска ударна бригада".[6] Tој учествувал во фронтот во Ќафасан, учествувал во фронтови низ западните и централните делови на Македонија и окупираните делови на Македонија во Албанија. Најважно, учествувал во ослободувањето на Кичево. Желбата на партизаните била да тргнат кон Солун и да ја обединат Македонија, но Тито не им дозволил па ги пратил да се борат во Сремскиот фронт. Кога завршила војната тој бил среќен затоа што Македонија била ослободена од бугарските и италијанските фашистички и опресорски сили, но не бил задоволен затоа што Јосип Броз Тито го спречил походот кон ослободување на Солун и обединување на Егејска, Пиринска и Вардарска Македонија тоа билo најголемата желба на Диме. Кога се вратил во Речани за херојството државата му подарила неколку ниви.[7][8] По војната бил вработен во "Удба" како таен агент и исто така работел во собранието на Југославија од 1946 год. до 1950 год.. Но во 1950 бил отпуштен и бил пратен на "Голи Оток" од страна на Тито, поради тоа што Диме бил голем националист кој сакал Македонија да биде обединета. Уште една голема причина е затоа што му кажал на Тито дека требал да му се поклони на Сталин, ова го кажал поради фрустрацијата дека Тито не сакал Македонија да се обедини со своите окупирани територии во Грција, Бугарија и Албанија но и дека бил огромен обожавател на Русија и Сталин, тие дури се сомневале да нѐ бил руски шпион.[9] Диме излегол од "Голи Оток" по една година, кога се вратил во Речани тој веднаш се оженил за Мирјана "Мирка" Тренеска (27 октомври 1924, Речани-Челопечко, Кичево - 18 април 2015, Кичево), откако се оженил тој се вработил во фабрика за чоколади во Белград, "Штарк". После некое време му се родило првото дете Мико (13 ноември 1951, Речани-Челопечко, Кичево - 30 декември 2019, Кичево), потоа му се родила ќерката Лепосава "Лепа" (17 септември 1953, Речани-Челопечко, Кичево ), и последно му се родил синот Драгољуб "Драге" (24 јуни 1955, Речани-Челопечко, Кичево - 24 декември 2024, Кичево). На 2 февруари 1960 год. имал незгода со бомба со што ја изгубил десната рака и следните четири години ги поминал во болница во Битола каде бил лекуван. Откако се вратил од Битола се вработил како чувар на магацин. После неколку години се пензионирал и му била доделена пензија за борците кои се бореле во Втората Светска Војна. Потоа почнал да се занимава со земјоделство и сточарство како главна работа. Во 1985 год. по повод одбележувањето четириесет години од ослободувањето од окупацијата му е доделен медал за херојство. Следните години ги поминува со земјоделство и сточарство како работа. Во 2001 год. кога имало конфликти со албанското население, неговите деца одвај го спречиле да не се приклучи во војната, иако имал 77 години пак сакал да се бори за Македонија. На 18 јули 2003 год. поради компликации со здравјето починал во Речани, Кичево.

Илинденски споменик во Речани

Семејна историја

[уреди | уреди извор]
Црква Св.Богородица во Речани
Сретсело во Речани
Македонско Православно Христијанство
Синот на Диме, Драгољуб "Драге" Никодиноски како служел во војска во Нови Сад

[10]Наназад ова семејство се враќа до Неделко кој се претпоставува дека бил роден околу 1815 година во Охрид, се претпоставува дека Неделко дошол во Кладник од Охрид или од охридските села околу средината на XIX век. Се претпоставува дека направил некоја беља во Охрид, и затоа се решил да се пресели на север кон кичевскиот регион. Тој не останал многу долго во Кладник, околу средината на XIX век Неделко се преселил во селото Требино поречко, во кое имало повеќе охридски фамилии. Но за кратко време заедно со неколку други охридски фамилии се преселил во селото Речани кое било турски чифлик. На Неделко околу 1845 год. му се родил синот Стојче, тој исто така имал две ќерки Митана и Костадинка. Неделко се занимавал со земјоделство и сточарство, од добиток имал овци. Неделко се претпоставува дека починал околу 1880 год. во Речани. Стојче исто како татко му Неделко се занимавал со земјоделство и сточарство, тој имал два сина Спиридон "Спиро" кој бил роден околу 1870 год. и Никодин кој бил роден околу 1875 година во Речани, тој имал и две ќерки Кала и Будимка. Се претпоставува дека Стојче починал околу 1910 год. во Речани. Спиро прво почнал да се занимава со земјоделство и сточарство.[11] Спиро почнал да експериментира со неговиот идентитет со тоа што подпаднал под бугарското влијание (помогнато од Бугарската егзархија и бугарските училишта). Спиро бил назначен како кмет и шпион во регионот по Рабетинска река. Селото Речани и околните села биле запалени од србите поради четничко-комитски акции во 1907 год.. Спиро се оженил два пати имал седум деца, три сина и четири ќерки, Методија, Стојмир и Костадинка од првата жена, а Љубомир, Ружа, Иванка и Дола од втората жена. Спиро починал околу 1930 год. во Речани. Никодин спротивно од брат му не се интересирал за политиката, тој се занимавал со земјоделство и сточарство. Никодин имал еден син Симеон "Синадин" кој се родил околу 1902 год. во Речани. Животот на Никодин трагично завршил околу 1906 год., тој како и секогаш си ги пасел овците, но од нигде никаде дошле четниците (македонски србомани) кои требало да го убијат Спиро братот на Никодин, но четниците го помешале Никодин со Спиро и го стрелале Никодин. По смртта на Никодин, Спиро ја избркал Благуња жената на Никодин и и' рекол да се премажи за некој друг, а Синадин бил земен од Трајче (синот на Будимка) од соседното село Крушица, Синадин имал околу 5 години. Синадин заедно со Трајче отишле да работат во Романија, Синадин прво почнал да продава весници по улиците, потоа работел разни работи колку да заработи нешто, се вратил во Македонија кога имал 18 години. Tој веднаш одлучил да се ожени за Василка од соседното село Орланци која била скоро два пати постара од него, таа била домаќинка, вредна и чесна жена. Кога се вратил Синадин, Спиро му дал неколку овци и дел од наследството. На Синадин во 1921 год. му се родило првото дете Наталија, после неколку години во 1924 год. му се родил синот Димитрија и последно во 1927 год. му се родила ќерката Илинка. Во следните години Синадин почнал прекумерно да пие алкохол и станал премногу зависен. Кога Диме имал околу 10 години Синадин заминал во Белград да работи кај фамилија како продавач на леб, тој таму се′ што ќе заработел ќе го потрошел на алкохол и жени. Синадин се вратил кога внукот Драге имал 1 година во 1956 год.. Синадин и откако се вратил пак продолжил со пиењето се до смртта во 1974 год. во Речани. Василка е родена на 14 јануари 1890 год. во село Орланци, нејзин татко бил Митко Мијајлески, таа имала два браќа Санде и Мијат и три сестри Ѓенка, Милана и Јорданка. Нејзиниот братучед Ѓенко Мијајлески бил македонски револуционер кој бил дел од ВМРО. Василка починала во 1980 год. во Речани. Диме во Речани се занимавал со земјоделство, садел компири одгледувал тутун, правел ракија од своите сливи, а од сточарство имал волови со кои ги орал нивите, имал кокошки и кучиња. Диме во слободно време сакал да игра карти "Табланет", тој никогаш не сакал да губи, кога ќе изгубел тој многу се лутел. Во 1976 год. бил посетен од синот на Спиро, Љубомир "Љубе" (1905, Речани−Челопечко, Кичево - 1976, Светораче) кој работел во Пловдив, Бугарија. Тој не бил добар со здравјето па сакал да ги помине последните денови во татковината, тој починал после три месеци во село Светораче при посета на сестра му Дола, бил погребан во Речани. Љубе наследството му го оставил на Диме. Мирјана "Мирка" Никодиноска родена е на 27 октомври 1924 год. во Речани нејзини родители биле Мирче Тренески и Даница Тренеска нејзини браќа и сестри биле Владимир, Мито, Славко и Фитка. Tаа завршила четиригодишно училиште во Светораче.[12] Нејзиниот дедо Милан Тренески учествувал во Илинденското Востание и го дал животот за Македонија. Семејството Тренески пред Речани дошло од селото Требино поречко, а пред Требино дошле од Охрид и охридските села. Мико бил роден на 13 ноември 1951 год. во Речани, тој завршил осумгодишно училиште во Орланци, Мико почнал да оди на средно училиште но не го довршил. Mико некое време работел во Хрватска и во Србија но за кратко време се вратил во Македонија. Мико отворил своја бурекџилница и некое време се′ му одело добро, но на крај бизнисот пропаднал, потоа работел во хотел како послужител и се занимавал со земјоделство. Мико се оженил со Станка со која ја добил ќерката Марија. Мико починал на 30 декември 2019 год. во Кичево. Лепа е родена на 17 септември 1953 год. во Речани, таа завршила осумгодишно училиште во Орланци. Лепа не завршила средно училиште, но била обучена во Кичево како шијачка. Лепа се омажила со Коста Лазески со кои ги добила синот Марјан и ќерката Марјана. Потоа се вработила како шијачка и се пензионирала околу 2010 год.. Драге бил роден на 24 јуни 1955 год. во Речани, тој завршил осумгодишно училиште во Орланци, Драге бил бунтовник од мал, сите деца се плашеле од него. Тој не учел но бил многу интелегентен и вреден, од мали години работел по нивите. Најголема љубов имал за фудбалот никој не му можел ништо, тој играл десно крило бил брз, силен и левата нога му била како топ, но затоа што немал услови се откажал од фудбалот, иако покажувал голем потенцијал. Драге завршил средно училиште како машински техничар. Служел војска во Нови Сад. Кога се вратил од војска се вработил во "Ќерамичко". Драге ја реновирал куќата во Речани и сам ја доградил. Драге имал конфликти на работа и затоа бил избркан од "Ќерамичко", потоа се вработил како кондуктер. Драге се занимавал со земјоделство и сточарство. После неколку години бил избркан од работа поради конфликти, потоа се вработил во "Осломеј". Потоа купил земјиште во Кичево поточно во "Копачка", почнал да гради куќа со брат му Мико. Во 1989 год. имал тепачка и лежел 4 месеци затвор. По независноста на Македонија од Југославија, Драге и неколку луѓе го основале ВМРО-ДПМНЕ општински комитет во Кичево. После неколку години го напуштил комитетот поради конфликти и несогласувања со корумпираните водачи, но Драге пак продолжил да го подржува ВМРО-ДПМНЕ и да гласа за нив. Драге се оженил со Дукате, со која ги добил синот Диме и ќерката Мирјана "Мими", презимето им го сменил на Димески по неговиот татко. Драге починал на 24 декември 2021 год. поради компликации од ефектите на корона вирусот.

Поврзано

[уреди | уреди извор]

"Прва македонско-косовска ударна бригада"

Речани-Челопечко

"Удба"

Втора Светска Војна

Кичево

Македонија

Сремски фронт

Македонски партизани

"Голи Оток"

  1. .., . (..). „Народноослободителна борба во Вардарска Македонија“. https://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%9D%D0%B0%D1%80%D0%BE%D0%B4%D0%BD%D0%BE%D0%BE%D1%81%D0%BB%D0%BE%D0%B1%D0%BE%D0%B4%D0%B8%D1%82%D0%B5%D0%BB%D0%BD%D0%B0_%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%B1%D0%B0_%D0%B2%D0%BE_%D0%92%D0%B0%D1%80%D0%B4%D0%B0%D1%80%D1%81%D0%BA%D0%B0_%D0%9C%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D0%B8%D1%98%D0%B0. Архивирано од изворникот 2023-03-07. Посетено на 2023-08-05. Занемарен непознатиот параметар |dead-url= (help); Проверете ги датумските вредности во: |date= (help); Надворешна врска во |work= (help)CS1-одржување: бројчени имиња: список на автори (link)
  2. ., .. (1945-). „Архива за Народноослободителната борба на Марксистичката интернет архива на македонски јазик“. .. Архивирано од изворникот на 2022-11-14. Посетено на 24-6-2024. Занемарен непознатиот параметар |dead-url= (help); Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |date= (help)CS1-одржување: бројчени имиња: список на автори (link) CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  3. ., . (.). "Macedonia during World War II". https://web.archive.org/web/20070804214942/http://www.soros.org.mk/archive/G07/A07/aar07.htm. Архивирано од изворникот на 2007-08-04. Посетено на 2023-08-05. Занемарен непознатиот параметар |dead-url= (help); Invalid |url-status=. (help); Проверете ги датумските вредности во: |date= (help); Надворешна врска во |work= (help)CS1-одржување: бројчени имиња: список на автори (link)
  4. ., . (.). ""History of the Army of the Republic of Macedonia – World War II"". https://web.archive.org/web/20081120224114/http://www.morm.gov.mk:8080/morm/en/ARM/History/History3.html. Архивирано од изворникот 2008-11-20. Посетено на 2023-08-05. Занемарен непознатиот параметар |dead-url= (help); Проверете ги датумските вредности во: |date= (help); Надворешна врска во |work= (help)CS1-одржување: бројчени имиња: список на автори (link)
  5. ., . (.). "Historical Dictionary of the Republic of Macedonia". https://archive.org/details/historicaldictio0000geor/page/n407/mode/2up. Архивирано од изворникот на 24-6-2024. Посетено на 24-6-2024. Занемарен непознатиот параметар |dead-url= (help); Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |date=, |archive-date= (help); Надворешна врска во |work= (help)CS1-одржување: бројчени имиња: список на автори (link)
  6. ., . (.). „Encyclopedia of Yugoslavia“. https://en.wikipedia.org/wiki/Encyclopedia_of_Yugoslavia. Архивирано од изворникот 2023-05-27. Посетено на 2023-08-05. Занемарен непознатиот параметар |dead-url= (help); Проверете ги датумските вредности во: |date= (help); Надворешна врска во |work= (help)CS1-одржување: бројчени имиња: список на автори (link)
  7. ., . (.). „State Security Administration (Yugoslavia)“. https://en.wikipedia.org/wiki/State_Security_Administration_(Yugoslavia). Архивирано од изворникот 2023-05-12. Посетено на 2023-07-18. Занемарен непознатиот параметар |dead-url= (help); Проверете ги датумските вредности во: |date= (help); Надворешна врска во |work= (help)CS1-одржување: бројчени имиња: список на автори (link)
  8. ., . (.). „Yugoslavia: Internal Security Capabilities“ (PDF). '. Архивирано од изворникот (PDF) на 2021-08-26. Посетено на 24-6-2024. Занемарен непознатиот параметар |dead-url= (help); Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |date= (help)CS1-одржување: бројчени имиња: список на автори (link)
  9. ., . (1945-). „„Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна". Државен завод за статистика“. '. Архивирано од изворникот на 2022-10-05. Посетено на 24-6-2024. Занемарен непознатиот параметар |dead-url= (help); Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |date= (help)CS1-одржување: бројчени имиња: список на автори (link) CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  10. Смиљанић, Тома ((1935)). Кичевија, Насеља и порекло становништва. Београд: САНУ. стр. . ISBN [[Special:BookSources/.|.]] Проверете ја вредноста |isbn=: invalid character (help). Проверете ги датумските вредности во: |year= (help)
  11. Катарџиев, Иван (2015). „Создавање и активноста на ВМРО до Илинденското востание“. '. Архивирано од изворникот на 2024-06-25. Посетено на 25-6-2024. Занемарен непознатиот параметар |dead-url= (help); Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  12. .., . (2015). „МРО (Македонска Револуционерна Организација)“. '. Архивирано од изворникот на 2024-06-25. Посетено на 25-6-2024. Занемарен непознатиот параметар |dead-url= (help); Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)CS1-одржување: бројчени имиња: список на автори (link) CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)