Дебарски санџак

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Дебарски санџак
Debre Sancağı
Sanxhaku i Dibrës
Санџак на на Отоманската Империја
1913

Знаме на Дебарски санџак

Знаме

Местоположба на Дебарски санџак
Дебарскиот санџак од крајот на 19 век
Главен град Дебар
Историја
 -  Основана Тука внесете почеток
 -  Лондонски договор (1913) 1913
Денес во Македонија и Албанија

Дебарскиот санџак (турски: Debre Sancağı) бил еден од пониските административни единици во состав на Отоманската Империја, со седиште во Дебар.[1]

Територијална поделба[уреди | уреди извор]

Покрај Дебар и околината, овој санџак ги вклучувал Дебарца и Долна Река кои денес се дел од Република Македонија, но и областите Мат и Кроја што денес влегуваат во рамките на Албанија. Во 19 и 20 век, Дебарскиот санџак бил поделен на кази:

Во 1864 година започнала административна реформа во Отоманската Империја, со формирање на поголеми административно-управни единици вилаети по пример на француските департмани. Реформата го вклучила и дебарскиот санџак кој таа година заедно со Призренскиот и Скадарскиот санџак влеговл во рамките на Скадарскиот вилает. Во 1871 година кога е формиран Призренскиот вилает во неговиот состав покрај Призренскиот и Скопскиот санџак влеговл и Дебарскиот.

Призренскиот вилает бил расформиран во 1875 година, кога санџаците во Призрен, Скопје и Дебар биле додадени кон Битолскиот вилает. Во јануари 1877 година Отоманската Империја повторно спровела реорганизација на вилаетите во Европа. На границите со Кнежевство Србија и Кнежевство Црна Гора со кои Отоманското Царство било во војна, формиран бил Косовски вилает со центар во Приштина, во чиј состав влегол и Дебарскиот санџак.

Повторно е вратен кон Битолскиот вилает во 1879 година, каде останал сè до 1913 година, кога по Првата балканска војна и по Лондонската конференција, бил поделен меѓу Кралство Србија и Кнежевство Албанија.[3][4][5][6][7]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Vickers 2007, стр. 7.
  2. D. M. Brancoff, La Macédoine et sa population chrétienne, avec deux cartes ethnogtaphiques, Paris 1905, 8-9;
  3. Јагодић 2009.
  4. Akşin Somel, Selçuk (2001). The modernization of public education in the Ottoman Empire, 1839–1908. Brill. стр. 234. ISBN 90-04-11903-5. „the vilayet of Prizren was founded in 1871“ 
  5. Grandits, Hannes; Nathalie Clayer, Robert Pichler (2010). Conflicting Loyalties in the Balkans The Great Powers, the Ottoman Empire and Nation-building. Netherlands: Gardners Books. ISBN 978-1-84885-477-2. „In 1868 the vilayet of Prizren was created with the sancaks of Prizren, Dibra, Skopje and Niš; it only existed till 1877“ 
  6. Apostoloski, Mihailo (1978). Makedonija vo istočnata kriza 1875–1881. Skopje: Makedonska akademija na naukite i umetnostite. pp. 187. "After the Berlin Congress other administrative reforms were carried out. So the Debar Sanjak was separated from Kosovo Vilayet and was added to the Bitola vilayet..."
  7. Vickers 1999, стр. 77-78.

Литература[уреди | уреди извор]