Дарко Радуловиќ

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Дарко Радуловиќ
ПозицијаБек (како играч)
Тренер
Висина1,92 м
Тежинакг
ЛигаПрва македонска кошаркарска лига
ЕкипаВардар
Роден19 јули 1980 (1980-07-19) (39 г.)
Скопје,  СР МакедонијаСФРЈ
НационалностМакедонец
Клубови
Репрезентација
Награди
  • Eurobasket.com - втора најдобра петорка на сезоната (2012г.)
  • Eurobasket.com - особен придонес во сезоната (2012г.)
Инфо од: 12.01.2018.

Дарко Радуловиќ (роден на 19 јули 1980 во Скопје) — поранешен кошаркар и репрезентативец на Македонија и актуелен тренер. Моментално е тренер на Вардар.

Играчка кариера[уреди | уреди извор]

Дарко Радуловиќ настапувал во дресот на Никол Ферт од 2001 до 2003 година. Со тој клуб го освоил Купот на Македонија 2002, како и Суперкупот на Македонија 2002. Во првата полусезона од сезоната 2003/04, Радуловиќ настапувал во Поло Трејд.[1] Таму играл се до втората полусезона кога продолжил во Карпош Соколи.[2] Во првата полусезона од сезоната 2005/06 играл за МЗТ Аеродром,[3][4] а сезоната ја завршил во Тоа Сум Јас.[5] Следната сезона играл за МЗТ Аеродром.[6] За сезоната 2007/08, Радуловиќ потпишал за Фени Индустри,[7] при со кој ја освоил двојната круна. За сезоната 2008/09, Дарко ја продолжил соработката со Фени,[8] но се преселил во МЗТ Аеродром.[9] Во сезоната 2009/10, тој потпишал за новолигашот Вардар Осигурување,[10] со кој бил вицепрвак во Лигата. Поради распаѓањето на Вардар Осигурување, Радуловиќ станал слободен агент и потпишал за Вардар, настапувајќи во него за време на сезоната 2010/11 и поголемиот дел од сезоната 2011/12.[11] Во февруари 2012 година, Радуловиќ продолжил во Фени,[12] при што бил вицепрвак во Првенството 2011/12 и Купот 2012. За сезоната 2012/13, се преселил во Кожув,[13] со кој бил вицепрвак во домашното Првенство. Следната сезона, Радуловиќ играл во дресот на Куманово 2009, се до март кога го напуштил клубот.[14] Во август 2014 година, Радуловиќ по трет потпишал за Фени Индустри,[15] за во сезоната 2014/15. Радуловиќ играл за Вардар во Втората лига, во втората половина од сезоната 2015/16.

Тренерска кариера[уреди | уреди извор]

Дарко Радуловиќ станал помошник тренер во Вардар за сезоната 2016/17.[16] Во декември 2017 година, поради заминувањето на главниот тренер на Вардар, Радуловиќ застанал на функцијата главен тренер.[17][18] За 2019/20, Радуловиќ останал на тренерската функција во Вардар.[19]

Успеси[уреди | уреди извор]

Титули во Првенството[уреди | уреди извор]

Титули во Купот[уреди | уреди извор]

Титули во Суперкупот[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Со нови имиња, тренер и директор“, vest.com.mk, 18 август 2003 (посет. 8 февруари 2017 г).
  2. Шампионот најсериозно се засили“, dnevnik.com.mk, 2004 (посет. 8 февруари 2017 г).
  3. Гаштарски и Радуловиќ - новаци“, dnevnik.com.mk, 2005 (посет. 8 февруари 2017 г).
  4. Срце на терен“, vest.com.mk, 6 октомври 2005 (посет. 8 февруари 2017 г).
  5. Рутинско "возење" на шампионот“, vecer.mk, 4 март 2006 (посет. 8 февруари 2017 г).
  6. Радуловиќ и Михајловски желба на МЗТ 2000“, vecer.mk, 17 мај 2006 (посет. 8 февруари 2017 г).
  7. Половина лига рамноправно го напаѓа тронот“, vest.com.mk, 12 октомври 2007 (посет. 8 февруари 2017 г).
  8. Ѓорѓи Чековски во Фени индустри“, vest.com.mk, 1 јули 2008 (посет. 8 февруари 2017 г).
  9. Сезона 2008-2009 Фени Индустри - МЗТ“, Македонска Кошаркарска Федерација (посет. 8 февруари 2017 г).
  10. Симиќ замина во Вардар осигурување“, ohridnews.com, 17 август 2009 (посет. 8 февруари 2017 г).
  11. КК Вардар како дел од спортското друштво Вардар“, sdvardar.blogspot.mk, 18 декември 2014 (посет. 8 февруари 2017 г).
  12. Радуловиќ продолжува во Фени Индустри“, sport.com.mk, 3 февруари 2012 (посет. 8 февруари 2017 г).
  13. Радуловиќ потпиша за Кожув, следен е Соколов“, ekipa.mk, 26 јуни 2012 (посет. 8 февруари 2017 г).
  14. Заминаа Димчевски, Станимировиќ и Радуловиќ – нов капитен на КК Куманово е Урош Луковиќ“, kumanovskimuabeti.mk преку archive.is, 11 март 2014 (посет. 8 февруари 2017 г).
  15. Дарко Радуловиќ нов играч на Фени Индустри“, tip.com.mk, 27 август 2014 (посет. 8 февруари 2017 г).
  16. Ѓорѓи Кочов е нов тренер на КК Вардар: Во новата сезона ќе бидеме најмлад тим“, gol.mk, 26 септември 2016 (посет. 8 февруари 2017 г).
  17. Радуловиќ е наследникот на Кочов на клупата на Вардар“, ekipa.mk, 19 декември 2017 (посет. 12 јануари 2018 г).
  18. Радуловиќ е замената на Кочов на кормилото на КК Вардар“, gol.mk, 21 декември 2017 (посет. 12 јануари 2018 г).
  19. Радуловиќ прозиваше, КК Вардар ги започна подготовките“, gol.mk преку web.archive.org, 30 август 2019 (посет. 1 септември 2019 г).

Надворешни врски[уреди | уреди извор]