GN-z11

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од ГН-з11)
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
GN-z11
Distant galaxy GN-z11 in GOODS-N image by HST.jpg
GN-z11 ставена врз слика од GOODS-Север
Податоци од набљудување (епоха J2000[1])
СоѕвездиеГолема Мечка[1]
Ректасцензија12ч 36м &1000000000000254600000025,46с[1]
Деклинација+62° 14′ &1000000000000031400000031,4″[1]
Црв. помест.11,09[2]
Оддалеченост~3,2×1010 сг
Видгалаксија
Маса~1×109 M
големина (сг)4000 ± 2000 (1,2 ± 0,6 кпс)[2]
Други ознаки
GN-z10-1[2]
Поврзано: Галаксија, Список на галаксии

GN-z11галаксија во соѕвездието Голема Мечка, најстарата галаксија и најдалечната галаксија во видливата вселена според тековните сознанија.[3] Има спектроскопско црвено поместување од z = 11,1, што одговара на сопствена оддалеченост од околу 32 милијарди светлосни години (9,8 гигапарсеци) од Земјата.[4][б 1]

Називот на галаксијата е изведен од нејзината положба во галактичкото поле GOODS-Север (GOODS-North) и големото црвено поместување на Доплеровата z-скала (GN + z11).[5] Сликата која ја имаме за GN-z11 е таква каква што била пред 13,4 милијарди години, само 400 милиони години по Големата експлозија;[2][6] поради што постои заблуда[7] дека таа е оддалечена 13,4 милијарди светлосни години од нас.[8][9]

Откривање[уреди | уреди извор]

Галаксијата е пронајдена од екипата што ги проучувала податоците од вселенскиот телескоп „Хабл“ и (проект CANDELS) на „Спицер“ (преглед GOODS-Север).[10][11] Истражувачите се послужиле со широкополскиот апарат за спектроскопски да ја утврдат оддалеченоста на GN-z11, разделувајќи ја светлината на нејзините составни бои за да го измерат црвеното поместување предизвикано од ширењето на вселената.[12] Наодите, објавени во март 2016 г. укажуваат на тоа дека галаксијата е подалеку отколку што претходно се мислело, на границата на досегот на вселенскиот телескоп „Хабл“. GN-z11 е околу 150 милиони години постара од претходната рекордно оддалечена галаксија, EGSY8p7,[5] и е забележана „ многу блиску со крајот на таканаречената темна доба на вселената“,[12] а „близу самиот почеток“ на ерата на рејонизација.[10]

GN-z11 е 20 пати помала од нашата галаксија (Млечниот Пат) има 1% од нејзината маса и раѓа нови ѕвезди приближно 20 пати побрзо.[12] поради просечната старост на нејзините ѕвезди од 40 милиони години.[2] Сознанието дека постои толку масивна галаксија создадена толку бргу по настанокот на првите ѕвезди претставува предизвик за некои од тековните модели на образувањето на галаксиите.[10][12]

Белешки[уреди | уреди извор]

  1. На прв поглед, растојанието од 32 милијарди светлосни години (9,8 гигапарсеци) делува невозможно големо во вселена која е стара стара 13,8 милијарди години, а ништо не може да се движи побрзо од светлината. Сепак, поради ширењето на вселената, растојанието од 13,4 милијарди светлосни години од GN-z11 до Земјата се проширило на 32 милијарди во текот на тие 13,4 милијарди години што ѝ требале на светлината за да дојде до нас.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 „Hubble Team Breaks Cosmic Distance Record - Fast Facts“. HubbleSite. March 3, 2016. STScI-2016-07. конс. March 4, 2016. 
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 Oesch, P. A.; Brammer, G.; van Dokkum, P. (март 2016 г). A Remarkably Luminous Galaxy at z=11.1 Measured with Hubble Space Telescope Grism Spectroscopy. „The Astrophysical Journal“ том  819 (2): 129. doi:10.3847/0004-637X/819/2/129. Bibcode2016ApJ...819..129O. 
  3. Klotz, Irene. „Hubble Spies Most Distant, Oldest Galaxy Ever“, „Discovery News“, 3 март 2016 (посет. 3 март 2016 г).
  4. Drake, Nadia (March 3, 2016). „Astronomers Spot Most Distant Galaxy—At Least For Now“. National Geographic. No Place Like Home. конс. March 4, 2016. 
  5. 5,0 5,1 „Hubble Team Breaks Cosmic Distance Record“. NASA. March 3, 2016. конс. March 10, 2016. 
  6. Amos, Jonathan. „Hubble sets new cosmic distance record“, „BBC News“, 3 март 2016 (посет. 3 март 2016 г).
  7. Wright, Edward L. (August 2, 2013). „Why the Light Travel Time Distance should not be used in Press Releases“. University of California, Los Angeles. конс. March 10, 2016. 
  8. Borenstein, Seth. „Astronomers Spot Record Distant Galaxy From Early Cosmos“, 3 март 2016 (посет. 1 мај 2016 г).
  9. GN-z11: Astronomers push Hubble Space Telescope to limits to observe most remote galaxy ever seen“, Australian Broadcasting Corporation, 3 март 2016 (посет. 10 март 2016 г).
  10. 10,0 10,1 10,2 „Hubble breaks cosmic distance record“. SpaceTelescope.org. March 3, 2016. heic1604. конс. March 3, 2016. 
  11. „Hubble Team Breaks Cosmic Distance Record“. HubbleSite.org. March 3, 2016. STScI-2016-07. конс. March 3, 2016. 
  12. 12,0 12,1 12,2 12,3 Shelton, Jim (March 3, 2016). „Shattering the cosmic distance record, once again“. Yale University. конс. March 4, 2016. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]