Прејди на содржината

Восток (остров)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Поглед кон островот Восток.
Карта на Линиските Острови.

Восток или Стејвер е ненаселен корален остров во Тихиот Океан. Островот е дел од Линиските Острови во државата Кирибати. Покрај двете уставни имиња, островот е познат и како Ени или Левитс. Островот за првпат бил забележан од рускиот истражувач Фабијан Готлиб фон Белингсхаузен, кој го именувал островот по неговиот брод (восток= исток на руски).

Географија

[уреди | уреди извор]

Островот Восток има вкупна површина од 24 хектари. Во близина на островот е Флинтскиот Остров (оддалечен 158 километри југоисточно), Каролинскиот Остров (230 километри источно) и Малденскиот Остров (709 километри северозападно). Островот е долг 1.3 километар и има триаголна форма.

Плажите на островот се со просечна должина од 25 до 50 метри. На островот нема лагуна или свежа вода.[1] На островот има вегетација, односно дрвото „писонија“. Во 1922 година се пробало да се насадат палми, но тоа не успеало.

Галерија

[уреди | уреди извор]
  1. http://www.unep-wcmc.org/sites/wetlands/vostok_i.htm Архивирано на 30 септември 2007 г.. Посетено на 10 July 2008.

Поврзано

[уреди | уреди извор]

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]