Макински Острови

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Сателитска снимка на Макинските Острови.
Карта на Гилбертовите Острови.
Карта на Макинските Острови.

Макин (кирибатски: Makin) или Макински Острови е географски поим со кој се означува атол во Кирибатите. Макин е дел од островската група Гилбертови Острови. Макин е составен од неколку острови.

Географија[уреди | уреди извор]

Макин се наоѓа 6 километри североисточно од Бутаритари и 6.9 километри од Намока. Атолот е линијарен гребен, кој е долг 12 километри и составен од пет острови, од кои двата најголеми се населени, односно островите Макин и Киебу. Третиот по големина остров е Оне е исто така населен. Макин не е атол во вистинска смисла на зборот, но бидејќи најголемиот остров има лагуна која е поврзана со морето со тесен канал, може да се смета за атол. Островот Киебу има затворена лагуна, која има дијаметар од 80 метри. Името Макин порано се коростело за Бутаритари, а Макин се нарекувал Макин Меанг или Мал Макин. Во близина на атолот се наоѓааат Маршалските Острови, поточно атолот Надикдик, кој се наоѓа на 290 километри северозападно. На атолот има аеродром. Атолот има вкупна површина о 6.7 километри квадратни и население од 2.385 жители според податоците од 2005.

Острови[уреди | уреди извор]

Села[уреди | уреди извор]

Макин 1,834 жители
Киебу 551 жители

Поврзано[уреди | уреди извор]

Портал „Кирибати