Прејди на содржината

Табитеуеја

Координати: 1°21′S 174°48′E / 1.350° ЈГШ; 174.800° ИГД / -1.350; 174.800
Од Википедија — слободната енциклопедија
Сателитска снимка на Табитеуеја.
Карта на Гилбертовите Острови.

Табитеуеја (кирибатски: Tabiteuea) е атол во Кирибатите, дел од островската група Гилбертови Острови. Атолот се наоѓа јужно од Тарава и е составен од два помали островчиња: Еаникај на север и Нугути на југ. Покрај овие два остроа, околу атолот се наоѓаат и неколку мали островчиња. Атолот има вкупна површина од 38 км2, додека лагуната има површина од 365 км2. На атолот живеат 4.899 жители според податоците од 2005 година.

Името на атолот на кирибатски јазик значи „земја без поглавици“ и тоа се однесува на традиционалната еднаквост меѓу населението на островот. Во 19 век на островот имала религиска војна, односно луѓето од Северна Табитеуеја, кои се покрстиле, ја нападнале и освоиле Јужна Табитеуеја, кои биле верници во локални религии.[1]

Административно, Табитеуеја е поделена на два округа:

  • Северна Табитеуеја - има површина од 26 км2, население од 3.600 жители (2005), опфаќа само две села и главен центар е селото Утироа.
  • Јужна Табитеуеја - има површина од 12 км2 и население од 1.299 (2005), опфаќа 6 села и главен центар е селото Буарики.
  1. MACDONALD, Barrie, Cinderellas of the Empire: Towards a history of Kiribati and Tuvalu, 2001, ISBN 982-02-0335-X, p.38

1°21′S 174°48′E / 1.350° ЈГШ; 174.800° ИГД / -1.350; 174.800

Поврзано

[уреди | уреди извор]