Манра
Манра (кирибатски: Manra), или порано познат како Сидни Ајленд (Sydney Island), е атол во Кирибати. Атолот е дел од Островите Феникс и има вкупна површина од 4.4 километри квадратни. Надморската височина на островот е околу 6 метри. Денес островот не е населен, но во минатото бил населуван на неколкупати.
Историја[уреди | уреди извор]
За разлика од некои атоли во Островите Феникс, на Манра постојат докази дека атолот во минатото бил населен. Така на пример, на островот има остатоци од платформи и остатоци од градби. Хабајскиот антрополог К.П. Емори тврди дека на островот биле присутни две етнички групи, едните биле Полинезијци, другите Меланезијци.[1]
Манра бил „откриен“ во 1823 година од лондонскиот брод Синди Пакет и во негова чест бил именуван атолот. Со британската колонизација на атолот, на островот биле донесени одреден број жители, 130 работници, и било изградено село со основна инфраструктура.[1] Со падот на колонизацијата, островот бил напуштен, најверојатно во периодот 1958-1963 година.
Галерија[уреди | уреди извор]
Наводи[уреди | уреди извор]
- Maude, Henry Evans: Of islands and men : studies in Pacific history; Melbourne [u.a.] : Oxford University Press, 1968
- Jones, A. G. E.: Ships employed in the South Seas trade Vol. 1: 1775 - 1861; Canberra 1986 & Vol. 2: 1775 - 1859; Burwood, Vic. [1992]
Поврзано[уреди | уреди извор]
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
- National Geographic за Манра
- Манра на страницата на Jane Resture
- Манра на страницата на Oceandots
- Слика од Манра
- Слика од Манра
- Слика од Манра
Координати: 4°27′S 171°16′W / 4.450° S; 171.267° W
|