Бутаритари



Бутаритари (кирибатски: Butaritari), претходно познат како Макин, Пит, Таритари или Тачинг, е атол во Кирибати. Атолот е дел од островската група Гилбертски Острови.
Географија
[уреди | уреди извор]Бутаритари се наоѓа југоисточно од Макин. Бутаритари бил наречен Макински Атол од Американската Армија, додека Макин бил познат како Макин Меанг или Мал Макин. Бутаритари има површина од 13.6 км2 и население од 4.200 жители според податоците од 2002 година. Просечната ширина и должина на островот е 30, односно 15 километри. Поголем дел од гребенот од кој е составен атолот е под вода и поделен е на неколку канали. Во близина на атолот има неколку многу мали островчиња. Лагуната на атолот е многу отворена и истата е длабока. Бикати и Бикатиета се помалите острови кои се наоѓаат во северозападниот дел од атолот, додека поголемиот е Бикати. Главното село на атолот е Бутарутари и има население од 2000 жители.
Населени места
[уреди | уреди извор]Бутаритари е дом на следните населени места: Бутаритари, Кеуеа, Танимајаки, Кума и Текабетете.
Поврзано
[уреди | уреди извор]Надворешни врски
[уреди | уреди извор]Бутаритари на Ризницата
- Exhibit: The Alfred Agate Collection: The United States Exploring Expedition, 1838-1842 Архивирано на 14 јануари 2012 г.
- „Во Јужните Мориња“, Роберт Луис Стивенсон
- Информации за Кирибати Архивирано на 27 декември 2008 г.
3°10′04″N 172°49′33″E / 3.16778°N 172.82583°E
|