Каролински Остров

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Не е исто со Каролински Острови.
Сателитска снимка на островот.
Карта на Линиските Острови.

Каролинскиот Остров (Caroline Island), познат и како Милениумски Остров или Бекиса, е корален атол во Кирибати. Атолот е дел од Линиските Острови во Тихиот Океан. Од Европејците, островот за првпат бил забележан во 1606 година. Низ историјата островот бил под британска и американска управа, а по независноста на Кирибати островот е дел од оваа држава. Во 19 и 20 век имало присуство и на луѓе поради ископувањето гвано (птичјо ѓубриво). Островот е дом на една од најголемите колонии кокосови краби. Интересен факт за Каролинскиот Остров е дека атолот е прва точка која премината на 1 јануари 2000 година (последна од +12 часовниот појас). Тоа е поради тоа што Кирибати ја сменила часовниот појас, а островот е најисточен во државата.

Географија[уреди | уреди извор]

Каролинскиот Остров е најјужноисточен атол во Линиските Острови. Атолот е составен од 39 мали островчиња и има тесна лагуна која има вкупна површина од 6.3 километри квадратни. Копното има вкупна површина од 3.76 километри квадратни, а заедно со лагуната и коралниот гребен има вкупна површина од 24 километри квадратни. Надморската височина на островот е 6 метри.

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  • Bennett, Frederick Debell (1970). Narrative of a Whaling Voyage Round the Globe From the Year 1833–1836. New York: Da Capo Press. ISBN 90-6072-037-7.
  • Bryan, E.H. (1942). American Polynesia and the Hawaiian Chain. Honolulu: Tongg Publishing Company. (Text of "Caroline Island" chapter online at: „Caroline Island (Millennium Island), Line Islands, Republic of Kiribati“. Jane's Oceania Home Page.)
  • Falconer, Ron (2004). Together Alone. Australia: Bantam Books. ISBN 1-86325-428-5.
  • Kepler, A.K.; C.B. Kepler (1994). „The natural history of the Caroline Atoll, Southern Line Islands“. Atoll Research Bulletin. 397–398.
  • Scott, D.A. (1993). A Directory of Wetlands in Oceania. Slimbridge, UK: International Waterfowl and Wetlands Research Bureau. ISBN 0-9505731-2-4. (Text of "Caroline Island" profile online at: „Caroline Atoll“. Protected Areas and World Heritage Programme Profiles.)

Поврзано[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]