Прејди на содржината

Тераина

Од Википедија — слободната енциклопедија
Сателитска снимка на Тераина.

Тераина (кирибатски и англиски: Teraina) или Вашингтон (Washington Island) е корален атол во Тихиот Океан. Атолот е дел од Линиските Острови во државата Кирибати. Низ историјата островот бил познат и под други имиња како што се Проспект или Њујорк. За разлика од типичните атоли, Тераина има извор на свежа вода, односно езерото Вашингтон, кое се наоѓа во шума од кокосови дрва. Езерото е единственото езеро со постојана свежа вода на Кирибатите.[1]

Димензиите на островот се 5.4 со 2.1 километри и има вкупна површина од 14 км2.[1] Општо гледано островот е низок каде највисоката точка е 5 метри надморска височина. Во источниот дел од островот се наоѓа главниот островски центар Тангкоре. Според податоците од 2006 година, на островот живеат околу 1200 жители[2]

Демографија

[уреди | уреди извор]
Куќа за собир на мажите од островот, ноември 1968
Карта на Линиските Острови.

Населението на Тераина живее во 9 села. Во 1978 година на островот имало 416 жители, а во 1990 година биле избрани 936 жители. Табелата ги вклучува селата со податоци од пописот од 2005 година.

бројселонаселение
(попис од 2005[2])
1Абајанг91
2Кауамвемве106
3Утеуте72
4Кајтера34
5Тангкоре203
6Матанибике191
7Арабата190
8Мвакејтари92
9Онауеја176
Тераина1,155
  1. 1 2 Teeb'aki in Scott (1993)
  2. 1 2 KNSO (2006)

Користена литература

[уреди | уреди извор]

4°41′00″N 160°22′40″W / 4.68333°N 160.37778°W / 4.68333; -160.37778

Поврзано

[уреди | уреди извор]