Линиски Острови
Линиските Острови (англиски: Line Islands), познати и како Тераина или Екваторски Острови, се островска група составена од 11 атоли и ниски острови во Кирибати во Океанија. Островите се наоѓаат јужно од Хаваите и се протегаат на површина од 2.500 километри што ги прави најдолг островски венец во светот. Осум од островите се дел од Кирибати, додека останатите се дел од САД.
Општи податоци
[уреди | уреди извор]САД тврделе дека островите се нивна територија сè до договорот од Тарава кога се признала независноста на Кирибати. Островската група географски е поделена на три подгрупи: северни, централни и јужни Линиски Острови.
Само три од островите се населени. Вкупното население на островите е 8.809 жители според податоците од 2005, од кои 5,115 се на Киритимати, 2,539 се на Табуаеран и 1,155 на Тераина. Во поглед на површината, Киритимати е најголем атол во светот. Атолот бил дел од Велика Британија во 1888 година.
Острови
[уреди | уреди извор]
* Лагуните со ѕвездичка се пресметани во претходната колона за целосна територија бидејќи тие лагуни немаат излез на море.
Поврзано
[уреди | уреди извор]
|