Википедија:Велоекспедиции 2018

Од Википедија — слободната енциклопедија
„Велоекспедиции“

Во текот на 2018 година била организирана втората посебна експедиција во една област, Битолско, односно во потпелистерските села на стариот регионален пат од Битола кон Меџитлија.

Воедно, во текот на 2018 година биле спроведени низа збирни посети на различни места во Македонија.

Прва велоекспедиција[уреди извор]

Битолско[уреди извор]

Групна фотографија на учесници во лоши временски услови на брегот на Големото Пелистерско Езеро на Баба Планина

За време на празничниот викенд 8 и 9 септември, корисникот Ehrlich91 заедно со уште двајца други велосипедисти се упатил кон Битолско, каде што била спроведена втората организирана посебна велоекспедиција.

Тргнувањето за експедицијата било на 7 септември во текот на попладневните часови. По три часа пат, учесниците се сместиле во градот Битола.

На денот на независноста на Македонија, учесниците се упатиле конечно да го освојат Големото Пелистерско Езеро, до кое се обидувале да стигнат и минатата година, но поради студеното време искачувањето било откажано. Овој пат, учесниците повторно имале лоши временски услови, но сепак стигнале до брегот на Големото Езеро на Баба Планина и со тоа успешно бил завршен првиот ден.

Во утринските часови на 9 септември се тргна кон вистински поход за фотографирање на селата под Баба Планина, долж стариот регионален пат од Битола кон границата со Грција. Како и на самите Викиекспедиции, главната цел била правење панорамски фотографии од селата, фотографирање на поважните општествени и верски градби, архитектурата низ селата, како и сите други природни реткости.

Започнавме веднаш од излезот на Битола, каде во населбата Буковски Ливади ја фотографиравме црквата „Св. Троица“, парохиска црква на Буковската парохија. Потоа следувало и самото село Буково, кое се издига веднаш над населбата. Од бројните цркви кои селото ги поседува успеале да фотографираат три.

Селата во овој дел се во непосредна близина едно до друго, но секое поседува сопствена црква, а неколку од нив имаат и манастири, а особено познат е Крстоарскиот манастир, на кој затекнале многубројни посетители.

Покрај Крстоар, подоцна биле посетени и селата Олевени, Барешани и Канино, а до сите нив водат асфалтни патишта.

Веќе на половина од експедицијата одлучивме да појдеме до селото Велушина, кое поседува бројни цркви и убава староградска архитектура, која веќе полека исчезнува со неодржување на старите куќи. Појдовме и до селото Лажец, каде не се снајдовме најдобро и не ја пронајдовме црквата во селото.

На враќање кон Битола, поминавме низ селото Породин, а подоцна го фотографиравме и храмот „Св. Атанасиј“ на селото Жабени, покрај регионалниот пат.

Исход

На крајот, експедицијата ја завршивме со посетени и фотографирани 9 села, заедно со уште толку цркви и други културни и природни знаменитости.

Статии
Број Статија Фотографија Предмет на Википодатоци Забелешки
1. Црква „Св. Димитриј“ - Барешани — црква Q61831173 нова статија
2. Бистричка парохија — црква Q61860464 нова статија
3. Црква „Св. Меркуриј“ - Барешани — црква Q61874776 нова статија
4. Барешански манастир — манастир Q23044616 нова статија
5. Црква „Рождество на Пресвета Богородица“ - Канино — црква Q23044110 нова статија
6. Црква „Св. Петка“ - Породин — црква Q61918797 нова статија
7. Црква „Св. Недела“ - Велушина — црква Q61938363 нова статија
8. Црква „Св. Ѓорѓи“ - Олевени — црква Q24718057 нова статија
9. Црква „Св. Атанасиј“ - Велушина — црква Q24639964 нова статија
10. Црква „Св. Петар и Павле“ - Крстоар — црква Q24604546 нова статија
11. ПУ „Коле Канински“ - Буково — основно училиште Q61977546 нова статија
12. Црква „Св. Троица“ - Буковски Ливади — црква Q61985851 нова статија
13. Буковски Ливади — населба Q20564536 подобрена статија
14. Црква „Св. Атанасиј“ - Жабени (возобновена) — црква Q61993738 нова статија
15. ПУ „Крсте Петков Мисирков“ - Лажец — основно училиште Q61998432 нова статија
16. Црква „Св. Атанасиј“ - Буково — црква Q62071511 нова статија
17. Црква „Воведение на Пресвета Богородица“ - Буково — црква Q62079259 нова статија
18. Буковска парохија — црковна парохија Q52737443 подобрена статија
19. Црква „Успение на Пресвета Богородица“ - Велушина — црква Q20499427 нова статија
20. Црква „Св. Христофор“ - Крстоар — црква Q63385251 нова статија

Фотографии[уреди извор]

Сите фотографии направени за време на велоекспедицијата се достапни во следнава категорија:

Поврзано[уреди извор]