Барешански манастир

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Барешански манастир
Историска разгледница на манастирите во Буково, Барешани и Трново
Информации
Целосно имеМанастир „Св. Меркуриј“ - Барешани
Манастир на:МПЦ - ОА
Основан1836
Посветен наСвети Меркуриј
ЕпархијаПреспанско-пелагониска
Цркви„Св. Меркуриј“
Личности
Место
Местосело Барешани, Општина Битола, Македонија Македонија
Координати40°57′7″N 21°21′1″E / 40.95194° СГШ; 21.35028° ИГД / 40.95194; 21.35028Координати: 40°57′7″N 21°21′1″E / 40.95194° СГШ; 21.35028° ИГД / 40.95194; 21.35028
Видливи остатоци1 црква, конаци, помошни објекти
Оторен за јавностда
Други информации(Бистричка парохија)

Барешански манастирманастир во битолското село Барешани.[1] Комплексот е сместен во самото истоимено село, на падините на Баба Планина.

Местоположба[уреди | уреди извор]

Манастирот се наоѓа во горниот дел од селото Барешани и од страна на мештаните е нарекуван Свети Меркули.[2]

Историја[уреди | уреди извор]

Манастирот бил подигнат во XIX век.[2]

Легенда[уреди | уреди извор]

Мештаните веруваат дека манастирот го изградил нивен соселанец, кој сонил сон додека бил на печалба во Кападокија, каде се наоѓа и гробот на преподобниот Меркуриј. На сонот му било речено „да се вратиш во Барешани, на тоа место има вода и почни да градиш манастир, ќе се вика Свети Меркуриј“. Кога истото му го кажал на агата, кој му бил газда, овој не само што го пуштил назад во селото, туку и му дал пет лири.[3]

Занимливост[уреди | уреди извор]

Се верува дека манастирот има лековита вода, па така болните што доаѓале, дома се враќале здрави. Легендата вели дека лековитата вода му помогнала и на војводата Ѓорѓи Сугарев од Битола. Имено, неговите родители имале 19 деца, но сите им умреле. Првото дете што им останало живо бил Ѓорѓи, кој се родил во 1876 година и го крстиле во Барешанскиот манастир. Манастирот подоцна станал место за лечење и на душевни болести.[2]

Покрај ова, помеѓу мештани преовладува верување дека каменот покрај темелот на северната фасада на црквата, има моќ да им помага на жените кои имаат проблем да останат бремени. Според барешанци, повеќе семејства (христијански и муслимански) кои се помолиле на светиот камен и се измиле со светата вода од манастирот добиле принова.[2]

Градби во манастирот[уреди | уреди извор]

Манастирот е составен од трикорабната црква „Св. Меркуриј“, камбанарија и конаци.[2]

Манастирската камбанарија се наоѓа во близина на влезната порта на манастирот, односно во неговиот југоисточен дел. Во западниот дел се наоѓаат обновените манастирски конаци, кујната, трпезаријата, како и собите наменети за престој на верниците.[4]

Црква[уреди | уреди извор]

Црквата била подигната во 1836 година и претставува единствена манастирска црква посветена на Свети Меркуриј.[3]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска. уред (на македонски). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7. 
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 „„Силоамско кладенче“ на Барешанскиот манастирот „Св. Меркуриј““. Македонска нација (mk-mk). конс. 2019-02-26. 
  3. 3,0 3,1 „Свети Меркуриј од Барешани им помага за пород на христијани и муслимани“. apla.mk (mk-mk). конс. 2019-02-25. 
  4. Admin (2018-02-27). „Манастир Св. Меркурие село Барешани | Битола инфо“. Bitola Info (mk-MK). конс. 2019-02-26. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]