ПУ „Крсте Петков Мисирков“ - Лажец
Крсте Петков Мисирков | |
---|---|
![]() Поглед на основното училиште
| |
Место | |
Општина: | Општина Битола |
Наречено по: | Крсте Петков Мисирков |
Нас. место: | Лажец |
Адреса: | с. Лажец |
Местоположба | |
Основни информации | |
Настава на: | македонски |
Контактни информации |
Основно училиште „Крсте Петков Мисирков“ (официјално: Подрачно основно општинско училиште „Крсте Петков Мисирков“ - Лажец; скратено: ПООУ „Крсте Петков Мисирков“) — подрачно основно училиште во селото Лажец, претставува единка на училиштето истоименото училиште од селото Бистрица.
Училиштето е именувано по истакнатиот македонски филолог Крсте Петков Мисирков.
Местоположба[уреди | уреди извор]
Објектот на училиштето се наоѓа во самото село Лажец, во непосредна близина на некогашниот задружен дом.
Градба[уреди | уреди извор]
Објектот на училиштето е руиниран, при што најголем проблем претставува покривот на градбата. Покрај покривот, училиштето се соочува со проблеми во инвентарот и во внатрешноста на објектот.[1]
Во март 2019 година била извршена замена на печката за дрва, која се користи за загревање на училиштето. Воедно, отпочнале и активности за санација на покривната конструкција.[2]
Настава[уреди | уреди извор]
Во училиштето се изведува настава од прво до петто одделение и наставата се изведува на албански и македонски наставен јазик.
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ „Училиштето во село Лажец руинирано, се бараат донацииMeta.mk“. Meta.mk. Посетено на 2019-03-08.
- ↑ Ана (2019-03-01). „Санирање на подрачните училишта во општина Битола“. А1он. Посетено на 2019-03-08.[мртва врска]
Координати: 40°54′47″N 21°22′51″E / 40.91306° СГШ; 21.38083° ИГД