ПУ „Коле Канински“ - Буково
Коле Канински | |
---|---|
![]() Поглед на основното училиште
| |
Место | |
Општина: | Општина Битола |
Наречено по: | Коле Канински |
Нас. место: | Буково |
Адреса: | с. Буково |
Местоположба | |
Основни информации | |
Настава на: | македонски |
Контактни информации |
Основно училиште „Коле Канински“ (официјално: Подрачно основно општинско училиште „Коле Канински“ - Буково; скратено: ПООУ „Коле Канински“) — подрачно основно училиште во селото Буково, кое престанало да работи како средишно училиште во 1967 година и било припоено кон училиштето истоименото училиште од Битола.[1]
Училиштето е именувано по истакнатиот македонски партизан Коле Канински.
Местоположба[уреди | уреди извор]
Објектот на училиштето се наоѓа во самото село Буково, во непосредна близина на главната селска црква „Св. Димитриј“.
Градба[уреди | уреди извор]
Училиштето било подигнато од страна на браќата Теохар и Јован Димитриу-Пиника, кои изградиле и други вредни објекти низ Битола.[2]
Настава[уреди | уреди извор]
Во училиштето се изведува настава од прво до деветто одделение и наставата се изведува единствено на македонски наставен јазик.
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ „Историјат“. ОУ „Коле Канински“ (англиски). 2013-10-13. Посетено на 2019-03-05.
- ↑ „БИТОЛА ТРАГА ПО НАСЛЕДСТВО ОД ГРЦИЈА СТАРО 92 ГОДИНИ“. Сакам Да Кажам. 2019-01-13. Посетено на 2019-03-05.
Координати: 40°59′37″N 21°19′53″E / 40.99361° СГШ; 21.33139° ИГД