Венер

Од Википедија — слободната енциклопедија
Венер

Weener

Старото пристаниште
Старото пристаниште
Знаме на Венер
Грб на Венер
Венер is located in Германија
Венер
Управа
Земја Германија
Покраина Долна Саксонија
Округ Лер
Градски единици 9
Градоначалник Хајко Абас (ДХС)
Основни податоци
Површина 81,24 км2
Надм. височина 5 м
Население 15.822 (31 декември 2020)[1]
 - Густина 195 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. LER
Пошт. бр. 26826
Повик. бр. 04951
Портал www.weener.de
Местоположба на градот Венер во рамките на округот Лер
Карта
Координати 53°10′9″N 7°21′23″E / 53.16917° СГШ; 7.35639° ИГД / 53.16917; 7.35639Координати: 53°10′9″N 7°21′23″E / 53.16917° СГШ; 7.35639° ИГД / 53.16917; 7.35639

Венер (германски: Weener) — град во округот Лер, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија.

Се наоѓа близу границата со Холандија, на реката Емс. Венер претставува најголем град во областа Рајдерланд. Поседува железничка и автопатска врска до Гронинген (Холандија), Емден и Бремен.

Географија[уреди | уреди извор]

Местоположба[уреди | уреди извор]

Градот Венер се наоѓа во југозападниот дел на областа Источна Фризија. Тој е единствениот град на областа сместен на западниот брег на реката Емс. Венер е означен како „Зелениот град во Рајдерланд[2] и е средиште на германскиот дел на областа. Недалеку од градот се наоѓа Доларт и границата со холандската покраина Гронинген. Околни големи градови се Олденбург и Гронинген во Холандија.

Соседни општини[уреди | уреди извор]

Венер се граничи со шест општини (почнувајќи од запад, надесно): Бунде, Јемгум, Лер и Вестоверлединген (спроти Емс). Овие четири општини се наоѓаат во округот Лер. Потоа, Венер се граничи со Папенбург (спроти Емс) и Ресе, обете во округот Емсланд.

Градски единици[уреди | уреди извор]

Градот Венер се состои од градското јадро и 14 други единици. Бројот на жители во табелата се од 31 декември 2017 година.

Градска единица Жители[3]
Венер 7106
Меленварф 1807
Тихелварф 1746
Холтхузен 1129
Штапелмор 1082
Градска единица Жители[3]
Штапелморерхајде 798
Диле 582
Холтхузерхајде 396
Венермор 347
Кирхборгум 278
Градска единица Жители[3]
Фелаге 207
Бешотенвег 178
Дилерхајде 177
Халте 124
Санкт Георгиволд 61

Политика[уреди | уреди извор]

Градски совет[уреди | уреди извор]

Градското собрание во Венер

Градскиот совет се состои од 32 избрани членови, што одговара за градови со број на жители помеѓу 15.001 и 20.000 жители.[4] Членовите се избираат на општи избори на секои пет години.

На последните општински избори на 12 септември 2021 година биле добиени следниве резултати:[5]

Партија % на гласови Број на места Промена
SPD 51,8 % 17 +4,2 %
CDU 26,5 % 8 +3,9 %
GRÜNE 8,5 % 3 +3,0 %
AfD 5,3 % 2 −2,1 %
Независна избирачка група (UWG) 4,8 % 2 −2,5 %

Градоначалник[уреди | уреди извор]

Градоначалник на градот Венер е Хајко Абас (CDU).

Збратимени градови[уреди | уреди извор]

Венер е збратимен со следниве градови:

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Населеност на окрузите, општините и месните заедници во Долна Саксонија на 31 декември 2020“. Служба за статистика и комуникациска технологија на Долна Саксонија. јули 2021. (германски)
  2. Zum Beispiel auf der Offiziellen Internetseite der Stadt, Weener.de: Grußwort des Bürgermeisters, abgerufen am 2. November 2018.
  3. 3,0 3,1 3,2 Daten und Fakten. Weener.de; abgerufen am 2. November 2018.
  4. Niedersächsisches Kommunalverfassungsgesetz (NKomVG) in der Fassung vom 17. Dezember 2010; § 46 – Zahl der Abgeordneten, abgerufen am 28. Dezember 2016.
  5. Ergebnis der Kommunalwahl 2021 auf votemanager.kdo.de; abgerufen am 19. September 2021.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]