Прејди на содржината

Бунде (Германија)

Координати: 53°11′0″N 7°16′0″E / 53.18333° СГШ; 7.26667° ИГД / 53.18333; 7.26667
Од Википедија — слободната енциклопедија
Бунде
Селската црква во Бунде
Селската црква во Бунде
Селската црква во Бунде
Грб на Бунде
Бунде во рамките на Германија
Бунде
Управа
Земја Германија
Покраина Долна Саксонија
Округ Лер
Месни единици 5
Градоначалник Уве Зап (СДП)
Основни податоци
Површина 121 км2
Надм. височина 2 м
Население 7.760 (31 декември 2022)[1]
 - Густина 64 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. LER
Пошт. бр. 26831
Повик. бр. 0 49 53
Портал www.gemeinde-bunde.de
Местоположба на Бунде во рамките на округот Лер
Карта
Карта
Координати 53°11′0″N 7°16′0″E / 53.18333° СГШ; 7.26667° ИГД / 53.18333; 7.26667

Бунде (германски: Bunde) — општина во округот Лер, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија.

Географија

[уреди | уреди извор]

Местоположба

[уреди | уреди извор]

Општината Бунде се наоѓа во областа Рајдерланд, една од четирите историски области во округот Лер. Рајдерланд е единствена област на Источна Фризија, која се наоѓа лево од реката Емс. Окружниот град Лер се наоѓа околу 13 километри североисточно од главното место Бунде. Општината е единствена во Источна Фризија, која има заедничка земјена граница со Холандија. Холандското место Бад Ниувешанс се граничи со Бунде. На северозапад се наоѓа морскиот залив Доларт. Од најблискиот голем град во Холандија, Гронинген, Бунде се наоѓа 47 километри на запад. Најблизок германски голем град е Олденбург, оддалечен околу 64 километри на исток.

Соседни општини

[уреди | уреди извор]

Бунде се граничи со пет општини, кои се наоѓаат во две држави. На север се граничи со општината Јемгум, а на североисток со градот Венер. На југ се граничи Бунде со општината Реде во округот Емсланд. На југозапад се граничи со општината Вестерволде, а на запад со општината Олдамбт.

Општински единици

[уреди | уреди извор]

Општината Бунде е составена од пет единици:

Единица Жители Површина (км²)[2] Карта
Бен 461 8,81
Бунде 3885 19,69
Бундерхе 598 16,17
Доларт 1285 53,40
Вимер 1351 22,96
Вкупно 7580 121,03

Особеност е единицата Долар, која се состои од повеќе села и до 1973 година била посебна општинска заедница. Историско место со име Доларт не постои. Во денешната единица Доларт влегуваат селата Бундерхамрих, Дицумерхамрих, Дицумерверлат, Хајницполдер, Каналполдер и Ландшафтсполдер.

Релативно оддалеченото место започнало да привлекува внимание кај туристите во 1980-тите години. Тие биле привлечени од недопрената природа на полдерите и старите ветерници, како и можностите за велосипедизам и кану, но и набљудување на птиците.

Галерија

[уреди | уреди извор]
  1. „Населеност на окрузите, општините и месните заедници во Долна Саксонија на 31 декември 2022“. Служба за статистика и комуникациска технологија на Долна Саксонија. јули 2023. (германски)
  2. Bürgerbroschüre. (PDF; 2,3 MB) gemeinde-bunde.de, S. 46; abgerufen am 21. Mai 2018.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]