Бошко Буха

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Бошко Буха (1926 - 1943) бил млад пртизан, еден од најголемите симболи на Втората Светска војна во Југославија.

Биографија[уреди | уреди извор]

Буха е роден во славонското село Градина (близу Вировитица) во семејство на етнички Срби. Во 1941 година, по окупацијата на Кралството Југославија од страна на Оската и создавањето на Независна Хрватска, неговото семејство станало мета на усташите и морало да пребегне во Србија.

партизанска активност[уреди | уреди извор]

Буха стигнал во територија под контрола на партизаните. Таму станал партизан, но бил одбиен заради возрастта (тогаш имал само 15 години). По неколку обиди, тој успеал да се прикраде во партизанските редови и почнал активно да се бори. Во 1942 година стапил во Втората пролетерска бригада на Југословенската народно-ослободителна армија.

Набргу, Буха се специјализирал во прикрадување кон непријателските бункери кои ги уништувал со рачни гранати. Неговата смелост набргу станала прочуена и легендарна, а неговата чета, која се состоела од многу младинци, го добила прекарот „Партизанска артилерија“. Подоцна, во 1942 година, Буха добил јавно признание од Тито.

Следната година, Бошко Буха загинал во заседа на неговиот камион од четниците. По завршувањето на војната, тој бил прогласен за Народен херој на Југославија.

Споменот на Бошко Буха[уреди | уреди извор]

Во Белград постои театар со неговото име. Во 1979 година, хрватскиот режисер Бранко Бауер режирал филм за неговиот живот.