Алексеј Николаевич Романов е роден на 30 јули1904 година во Петерхоф, Русија. Тој е најмладото дете на рускиот цар Николај II и неговата сопруга царицата Александра Фјордовна. Бидејќи бил единственото машко дете, ја носел титулата Царев Алексеј (руски: Цесаревич Алексей) и Велики кнез (Великий Князь). Заедно со родителите и сестрите, убиен е ноќта на 17 јули1918 година од страна на Болшевистите (Советска Комунистичка Партија), што во денешна Русија се смета за најголемо злосторство над руската историја и традиција, па денес заедно со сите Романови е прогласен за светец од страна на Руската православна црква.
Кога Алексеј имал шест недели, лекарите му дијагностицирале хемофилија[1][2][3]. Тоа е болест која ја пренесуваат мајките на синовите (мајката е носител, синот ја наследува и боледува од неа). Кога бил мал, Алексеј имал две дадилки кои внимавале да не се повреди во текот на играњето бидејќи бил склон на крвавење. Таа ноќ кога се убиени, 14 годишниот Алексеј бил толку болен што не можел да оди, па неговиот татко, царот Николај го носел на раце во сигурна смрт[4].