19 февруари

Од Википедија — слободната енциклопедија
<< февруари >>
Н П В С Ч П С
01 02 03
04 05 06 07 08 09 10
11 12 13 14 15 16 17
18 19 20 21 22 23 24
25 26 27 28 29
2024

19 февруари — 50-иот ден во годината според грегоријанскиот календар. Во астрологијата - првиот цел ден на хороскопскиот знак риби. Остануваат 315 денови до крајот на годината (316 во престапна).

Настани:

1878  Томас Едисон го патентирал фонографот, претходник на грамофонот.
1905  Во Париз излегол првиот број на весникот „Македонија“.
1921  Склучен е првиот од пактовите со кои Франција настојуваше да обезбеди хегемонија во Европа - сојуз со Полска против Германија и со Малата Антанта дејствуваа многу силно врз европската политика.
1945  Започнала големата битка на тихоокеанскиот остров Иво Џима, која се водела меѓу армиите на САД и на Јапонија.
1959  Потпишана е Лондонската спогодба меѓу Велика Британија, Грција и Турција за независност на Кипар.
1968  Започнал судскиот процес на група родители против компанијата „Дистилер“, која го произведувала лекот „талидомид“.
1994  Во Скопје е основано Македонско-американско здружение за пријателство и соработка.
1996  Во Њујорк официјално започна со работа генералниот конзулат на Република Македонија.
1996  Советот на Театарските игри „Војдан Чернодрински“ донесе одлука оваа манифестација во иднина да се одржува под името „Македонски театарски фестивал“.
2021  Порфириј е устоличен како патријарх на Српската православна црква.

Родени:

1473  Никола Коперник — полски астроном.
1743  Лујџи Бокерини — италијански композитор и виолончелист.
1875  Димо Хаџи Димов — македонски револуционер.
1876  Константин Бранкуси — романски вајар.
1895  Лика Чопова-Јуркова — македонски педагог и публицист, внука на Гоце Делчев.
1896  Кирил Јанчулев — генерал во бугарската армија.
1896  Андре Бретон — француски писател.
1912  Адолф Рудницки — полски писател.
1922  Тодор Димитровски — македонски лингвист.
1935  Јосип Генералиќ — хрватски сликар.
1940  Смоки Робинсон — американски соул-музичар.
1951  Трајан Мартиноски — македонски поет.
1952  Данило Турк — претседател на Словенија.
1954  Сократес — бразилски фудбалер.
1954  Јура Стублиќ — хрватски и југословенски пејач, член на рок-групата „Филм“ (Film).
1955  Дејвид Мареј — американски џез-музичар.
1957  Јохан Холзек - Фалко — австриски поп и рап пејач.
1960  Момчило Бајагиќ-Бајага — српски поп-рок пејач.
1962  Хана Мандликова — чешка тенисерка.
1966  Енцо Шифо — белгиски фудбалер.
1979  Игор Митрески — македонски фудбалер.
1985  Јеле Ванендерт — белгиски велосипедист.
1989  Ридигер Зелиг — германски велосипедист.
1993  Мауро Икарди — аргентински фудбалер.
1994  Владимир Цупара - српски ракометар.
1995  Никола Јокиќ - српски кошаркар.

Починале:

1923  Иван Тавчар — словенечки писател и политичар.
1951  Андре Жид — француски писател, добитник на Нобеловата награда во 1947 година.
1952  Кнут Хамсун — норвешки писател.
1962  Јоргос Папаниколау — грчки цитопатолог, творец на т.н. ПАП-тест.
1997  Денг Сјаопингпремиер на НР Кина.
2008  Наталија Бесмертнова — примабалерина на Бољшој театар од 1961 до 1995 година.
2016  Умберто Еко — италијански писател и филозоф.
2019  Карл Лагерфелд — моден творец.
2021  Ѓорѓе Балашевиќ — српски поп-музичар.