Момчило Бајагиќ-Бајага
Од Википедија, слободната енциклопедија
| Момчило Бајагиќ | |
Момчило Бајагиќ на концерт во 2010 |
|
| Биографски податоци | |
|---|---|
| Родено име | Momčilo Bajagić |
| Роден(а) | февруари 19 1960 Бјеловар, Хрватска |
| Жанрови | Рок Хард рок Поп рок |
| Занимања | Пејач, композитор |
| Инструменти | гитара |
| Период на активност | 1974–денес |
| Соработници | Рибља Чорба, Бајага и инструктори |
Момчило Бајагиќ Бајага 19 февруари 1960 во Бјеловар е српски пејач.
Својата музичка кариера Момчило ја започнал на својата 14 година, во бендот ТНТ. По три години се приклучил на групата Рибља Чорба, една од најпопуларните музички групи во тоа време. Во почетокот се појавувал само на настапите на групата, за да со текот на времето стане главен автор на групата. Заедно со групата снимиле пет албуми.
Рибља Чорба официјално од групата го исклучила на 19 јули 1984 година. По неколку години, тој формира своја музичка група под името Бајага и инструктори.
Освен ова, тој работил и на музиката од филмот Ни на земја ни на небо (Моји су другови), како и Професионалец (Пада влада).