Царче-Жарче

Од Википедија — слободната енциклопедија
Царче-Жарче
АвторВелко Неделковски
Изработувач на
корицата
Томе Манески
ЗемјаМакедонија Македонија
Јазикмакедонски
Жанрпоема за деца
ИздавачДетска радост
Издадена
1989
Медиумпечатено издание
Страници24

Царче-Жарче — поема на македонскиот писател Велко Неделковски, издадена во 1989 година.

Содржина[уреди | уреди извор]

Внимание: Овој дел од статијата обелоденува содржина на книгата.

Напишана во стилот на народна приказна, поемата ја раскажува приказната за царчето кое изгубило апетит и за чие здравје стравуваат неговите родители, царот и царицата. Царот бара лек, готвачи кои со своите јадења ќе го поттикнат апетитот на царчето. Како што бива во народните приказни, никој од четворицата готвачи кои се јавиле за исполнување на тешката задача, не успеал да го поттикне апетитот на малиот цар. Лекот го наоѓа питачот кој молел за корка леб во царството, преправен мудрец, кој ги советувал родителите да го остават детето да биде дете, да игра и да се забавува, а не да биде царче-кукла. Кога ќе го послушаат советот на стариот мудрец, царчето не само што побарало да јаде, туку и само си зготвило јадење.[1]

Царче-Жарче претставува извонредно дело на македонскиот автор Велко Неделковски, со ритамот и римата наликува на поемите на Пушкин и е забавна приказна, сказна за родителството и растењето на децата.

Изданија[уреди | уреди извор]

  • Во 1989 година, поемата ја објавила Редакцијата Детска радост при издавачката куќа НИПРО„ Нова Македонија“. Книгата е со димензии од 24 сантиметри и има 24 страници. Автор на илустрациите во книгата е Томе Манески. Книгата е каталогизирана во НУБ „Св. Климент Охридски, Скопје. Таа е испечатена во НИПРО„ Нова Македонија“.[2]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Велко Неделковски, Царче- Жарче, Скопје, Детска радост, 1989 .
  2. Велко Неделковски, Царче- Жарче, Скопје, Детска радост, 1989

Поврзано[уреди | уреди извор]