Милано-Сан Ремо
| Детали за трката | |
|---|---|
| Датум | средина на март |
| Регион | северозападна Италија |
| Англиско име | Milan – San Remo |
| Локално име | Milano–Sanremo (италијански) |
| Прекар | Пролетен класик La classica di Primavera (италијански) |
| Дисциплина | Друмски велосипедизам |
| Натпреварување | Светска турнеја UCI |
| Вид | Еднодневна трка |
| Организатор | RCS Sport |
| Историја | |
| Прво издание | 1907 |
| Изданија | 104 (до 2013) |
| Прв победник | |
| Најмногу победи | |
| Неодамнешен победник | |
Милано-Сан Ремо (италијански: Milano–Sanremo), „пролетен класик“ („la classica di Primavera“), е годишна велосипедска трка помеѓу Милано и Сан Ремо. Таа е најдолга професионална еднодневна трка со 298 километри. Првата трка била одржана во 1907, кога победил Лусиен Пети-Бретон. Денес е една од 'монументалните' трки во европскиот велосипедизам, а резултатите се вреднуваат кон Светска турнеја UCI; до 2007 беше дел од UCI ProTour. Од 1999 до 2005, женската трка, Примавера Роса беше организирана заедно со машката, но на пократко растојание.
Милано-Сан Ремо често е нарекувана и спринтерски' класик, додека неговата братска италијанска трка Џиро ди Ломбардија, која се одржува наесен е планински' класик.
Содржина |
Историја [уреди]
Во раните години, главната потешкотија била Пасо дел Турчино, но кога велосипедизмот станал попрофесионален, искачувањето било премногу далеку од целта за да биде одлучувачко. Во 1960 Поџио, неколку километри пред целта, бил воведен. Во 1982 Кипреса, близу Империја бил додаден. Другите ридови се 'капи', Капо Меле, Капо Берта и Капо Серво. Од 2008 организаторите го додале 'Ле Мани', помеѓу Турчино и 'капи'. 'Турчино' и 'Мани' се подолги искачувања, додека 'капи', Кипреа и Поџио се пократки. Сите искачувања се прилично лесни. Поради тоа, трката најчесто завршува во масовен спринт.
Најуспешен возач е Еди Меркс; тој победил седум пати (рекорден број на победи во една класична трка). Неодамна, најуспешен возач е Ерик Цабел кој победил четири пати и загубил во 2004 од Оскар Фреир единствено поради тоа што ги подигнал рацете да прослави прерано. Трката била вовед во серијата на Друмски светски куп UCI, додека серијата не беше заменета од UCI ProTour во 2005.
Трката во 2011 беше победена од Мет Гос со победничко време од 6:51:10. Гос беше првиот Австралиец, кој го победил овој престижен настан, победувајќи го Фабијан Канчелара (Швајцарија) и Филип Жилбер (Белгија).
Движење [уреди]
Како најдолга професионална еднодневна трка, Милано-Сан Ремо е необичен тест на издржливост рано во сезоната. Често е освојувана, не од најбрзиот спринтер, туку од најспремниот. Кипреса и Поџио ги спречуваат многу спринтери да останат со главната група.
И покрај нејзиниот рамен терен и долгиот крај, спринтерските тимови се откажуваат од време на време поради нападите на последните ридови. Добри примери се Лорен Жалабер и Маурицио Фондрист, кои побегнале во 1995 и останале сè до крајот. Во 2003, Паоло Бетини нападнал со неколку возачи, кои сите останале напред и во 2006 Филипо Поцато и Алесандро Балан нападнал на последниот рид и останал исто така напред. Најбрзата Милано-Сан Ремо се возела во 1990. Џани Буњо поставил 6 часа, 25 минути и 6 секунди, со победа од 4 секунди над Ролф Гелц. Ова беше во просек од 45,8 километри/на час. Во 2006 , групата дошла блиску до 6ч 29 м 41с, победувајќи Филипо Поцато. Екстремите на трката се 12h 24 m во 1910, во снежна бура.
Победници [уреди]
Победници по националност [уреди]
| # на победи | Држава |
|---|---|
| 50 | |
| 20 | |
| 12 | |
| 6 | |
| 5 | |
| 3 | |
| 2 | |
| 2 | |
| 2 | |
| 2 |
Рекорди [уреди]
- Најмногу победи
- Еди Меркс (7)
- Костант Џирарденго (6)
- Џино Бартали, Ерик Цабел (4)
- Фаусто Копи, Роџер де Флеминк, Оскар Фреир (3)
Наводи [уреди]
Надворешни врски [уреди]
|
||||||||
|
|||||

