Андромеда (соѕвездие)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Андромеда
лат. Andromeda
Andromeda constellation map mk.svg
Список на ѕвезди во соѕвездието Андромеда
Кратенка And
Генитивно Andromedae
Ректасцензија 1 ч.
Деклинација +40°
Површина 722 (°)² (19-то)
Главни ѕвезди 4, 18
Бајерови/Флемстидови
ѕвезди
65
Ѕвезди со планети 4
Ѕвезди посјајни од 3,00m 3
Ѕвезди во полупречник од 10,00 пс (32,62 сг) 5
Најсјајна ѕвезда α и (Алферац) (2,1m)
Најблиска ѕвезда Ross 248
сг,  пс)
Месијеови објекти 3
Метеорски дождови андромедиди (бјелиди)
Соседни
соѕвездија
Персеј
Касиопеја
Гуштер
Пегаз
Риби
Триаголник
Видливо на ширина од +90° до −40°.
Најдобро се гледа во 21:00 ч. во текот на месец ноември.

Андромеда (лат. Andromeda) — соѕвездие наречено според принцезата Андромеда (грчки: Ανδρομέδη). Соѕвездието се наоѓа покрај соѕвездието Пегаз. Андромеда е позната и по галаксијата Андромеда.

Најсјајната ѕвезда во ова соѕвездие е Сирах, која е главата на Андромеда и има ознака Алфа Андромеда. Порано таа ѕвезда била дел и од двете соѕвездија (Андромеда и Пегаз) и била позната како Делта Пегаз. Денес заедно со Алфа, Бета и Гама Пегаз е дел од Големиот квадрат на Пегаз.

Ѕвездата Бета Андромеда е позната по името Мирах. Се наоѓа на 200 светлосни години од нас и има величина од + 2,1.

Ѕвездата Гама Андромеда или Аламак е двојна ѕвезда оддалечена 350 светлосни години, со величина од + 2,1.

Небесни објекти[уреди]

Најпознатиот објект во Андромеда е истоимената галаксија со ознака M31, една од најдалечните објекти видливи со голо око. Тоа е огромна спирална галаксија многу налик на нашата галаксија Млечен Пат. За да ја најдете галаксијата, нацртајте линија меѓи β Andromedae и μ Andromedae, и продолжете ја линијата отприлика со иста должина од μ.

Поврзано[уреди]

Наводи[уреди]

  • Ian Ridpath and Wil Tirion (2007). Stars and Planets Guide, Collins, London. ISBN 978-0007251209. Princeton University Press, Princeton. ISBN 978-0691135564.
  • H. A. Rey, The Stars — A New Way To See Them. Enlarged World-Wide Edition. Houghton Mifflin, Boston, 1997. ISBN 0-395-24830-2.

Надворешни врски[уреди]