Крма (соѕвездие)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај


Крма
Соѕвездие
Puppis
Список на ѕвезди во соѕвездието Крма
Кратенка Pup
Генитивно Puppis
Ректасцензија 7.5 ч.
Деклинација −30°
Површина 673 (°)² (20th)
Главни ѕвезди 9
Бајерови/Флемстидови
ѕвезди
76
Ѕвезди со планети 6
Ѕвезди посјајни од 3,00m 1
Ѕвезди во радиус од 10,00 пс (32,62 сг) 2
Најсјајна ѕвезда ζ Pup (Naos) (2.25m)
Најблиска ѕвезда HD 69830
сг,  пс)
Месијеови објекти 3
Метеорски дождови Pi Puppids
Zeta Puppids
Puppid-Velids
Соседни
соѕвездија
Еднорог
Компас
Едро
Кобилица
Пиктор
Колумба
Големо Куче
Водна Змија
Видливо на ширина од +40° до −90°.
Најдобро се гледа во 21:00 ч. во текот на месец февруари.

Крма (Пупис, Puppis) е соѕвездие на јужното небо. Неговото латинско име означува „крма на брод“, и првобитно било дел од поголемото соѕвездие, Бродот Арго (Argo Navis), кое подоцна е поделено на три дела. Останатите соѕвездија се: Кобилица и Едро. Соѕвездието Крма е најголемото од трите.

Карактеристики[уреди]

Ѕвезди со имиња[уреди]

Бајерово означување Име Потекло Значење
           ζ Naos грчки брод
           ξ Asmidiske грчки највисокиот дел од бродскиот труп

Планетарни системи[уреди]

Пронајдени се неколку системи со екстрасоларни планети околу ѕвездите во ова соѕвездие, меѓу кои:

  • На 1 јули 2003 година, пронајдена е планета која орбитира околу ѕвездата HD 70642. Овој планетарен систем е налик на Јупитер со широка орбита и долг период на орбитирање.
  • На 17 мај 2006 година, откриено е дека HD 69830 (најблиската ѕвезда од ова соѕвездие) има три планети со големина на Нептун, што претставува првиот повеќеѕвезден систем во кој нема планета налик на Јупитер или на Сатурн. Таа ѕвезда исто така има и астероиден појас во реонот меѓу средната и надворешната.
  • На 22 септември 2008 година, пронајдени се две планети налик на Јупитер околу HD 60532. HD 60532 b има минимална маса од 1,03 MJ, орбитира на 0,759 AU, а ѝ требаат 201,3 дена за да ја помине целата орбита. HD 60532 c има минимална маса од 2,46 MJ, орбитира на растојание од 1,58 AU, а ѝ требаат 604 дена за да ја помине целата орбита.

Наводи[уреди]

Надворешни врски[уреди]