Змија (соѕвездие)
|
|
Оваа статија не наведува никакви извори. (ноември 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
| Соѕвездие | |
Список на ѕвезди во соѕвездието Змија |
|
| Кратенка | Ser |
|---|---|
| Генитивно | Serpentis |
| Ректасцензија | Змиска Глава: 16 h Змиска Опашка: 18 ч. |
| Деклинација | Змиска Глава: +10° Змиска Опашка: −5° |
| Површина | 637 (°)² (23то) |
| Главни ѕвезди | 9 |
| Бајерови/Флемстидови ѕвезди |
57 |
| Ѕвезди со планети | 5 |
| Ѕвезди посјајни од 3,00m | 1 |
| Ѕвезди во радиус од 10,00 пс (32,62 сг) | 3 |
| Најсјајна ѕвезда | α Ser (Унукалхај) (2.63m) |
| Најблиска ѕвезда | γ Ser ( сг, пс) |
| Месијеови објекти | 2 |
| Соседни соѕвездија |
Змиска Глава: Северна Круна Воловар Девица Вага Змијоносец Херкул Змиска Опашка: Орел Змијоносец Стрелец Штит |
| Видливо на ширина од +80° до −80°. Најдобро се гледа во 21:00 ч. во текот на месец јули. |
|
Змија е соѕвездие. Неговото латинско име Serpens значи змија, и единствено е меѓу современите соѕвездија со тоа што е поделено на два дела - „Змиска Глава“ (Serpens Caput) и „Змиска Опашка“ (Serpens Cauda) на исток. Меѓу овие два дела се наоѓа соѕвездието Змијоносец, односно „оној што ја држи змијата“. Змија е едно од 48-те соѕвездија кои ги забележал Птоломеј.
Содржина |
[уреди] Видливи карактеристики
[уреди] Ѕвезди
Бидејќи соѕвездието Змија е поделено на два дела, Бајеровото означување е според сјајноста меѓу двете половини.
Само една ѕвезда во ова соѕвездие има посјајна магнитуда од три, па според тоа соѕвездието не е лесно видливо. α Serpentis, наречена и Унукалхаи, се наоѓа на главата од змијата. δ Serpentis, која е исто така на главата од змијата, е двојна ѕвезда, оддалечена 210 светлосни години од Земјата. θ Serpentis наречена и Алја („Змија“ на арапски), се наоѓа на опашката на змијата и е исто така двојна ѕвезда.
[уреди] Објекти од длабоката вселена
Месије 5, збиено јато лоцирано е приближно на 8° југозапад на α Serpentis во главата на змијата.
Месије 16 е помладо отворено јато кое е поврзано со маглината Орел, дифузна маглина која е регион на формација на ѕвезди во опашката на змијата.
Дел од нашата галаксија Млечен Пат минува низ опашката, што е прикажано со засенчени делови на ѕвездената мапа.
[уреди] Историја
На почеток, соѕвездијата Змија и Змијоносец се сметале за едно соѕвездие, кое е поврзувано со митот за почетоците на медицината.
[уреди] Наводи
- Ian Ridpath and Wil Tirion (2007). Stars and Planets Guide, Collins, London. ISBN 978-0007251209. Princeton University Press, Princeton. ISBN 978-0691135564.
[уреди] Надворешни врски
| Заедничката Ризница има податотеки поврзани со: „Змија (соѕвездие)“ |
|
|||||||